САД со рекорден број новозаболени и хоспитализирани лица со Ковид-19 


САД– Ковид-19 и понатаму се шири во САД, а во одредени сојузни држави забележан е рекорден дневен пораст на бројот на новозаболени и хоспитализирани лица поради Ковид-19.

Во измнинатите 24 часа во Аризона регистрирани се 1.061 лица инфицирани со новиот коронавирус, со што бројот на заболени се искачи а 27.864 луѓе, од кои 313 починале.

Рекорден број на новозаразени има и во Тексас, каде во изминатото деноноќие потврдени се 10.351 позитивни случаи, со што вкупниот број се искачи над 250.000 луѓе. Хоспитализирани се рекордни 10.083 луѓе, а вчера починале 99 луѓе од последици од Ковид-19, со што бројот на смртни случаи достигна 3.112.

Во Аризона, бројот на потврдени случаи со Ковид-19 вчера се зголеми за 3.038, со што вкупниот број на заболени лица се искачи на 119.930, а бројот на починати беше 69, па вкупниот број на смртни случаи е над 2.150 луѓе. Во Аризона е регистриран и рекорден број на хоспитализирани лица – 3.485.

Во Оклахома бројот на новозаразени лица се зголеми за 687, што е втор најголем дневен пораст досега забележан во оваа сојузна држава. Вкупниот број на потврдени случаи изнесува 19.779, од кои 15.136 оздравеле. Во Оклахома вчера починале пет лица и вкупниот број на смртни случаи изнесува 421.

Во САД вкупно се заразени 3.357.130 луѓе, од кои 137.418 починале, а 1.490.702 оздравеле.