Расте бројот на заразени во Италија, виновни курирската служба и мигрантите


 

Италија бележи раст во бројот на заразени од корона вирус откако тој се прошири во курирската служба на северот на земјата и меѓу мигрантите спасени на море.

Во претходните 24 часа регистрирани се уште 234 заразени, а од последиците од Ковид-19 починаа деветмина.

Во регионот Емилија-Ромања забележани се 71 случај на инфекција, што е скок во однос на претходните денови, откако вирусот почна да се шири во курирската служна во Болоња.

Во Калабрија, каде претходните денови имше по неколку или ни еден новозаразен, регистрирани се 28 нови, меѓу 800 мигранти спасени од криумчари во Средоземното Море и префрлени во тој регион.

Гувернерот на Калабрија Жоле Сантели ја повика владара да го заштити локалното население, барајќи бродовите со миграни да бидат најпрво задржани за тестирање.

Од друга страна Ломабрдија, најтешко погодениот регион на почетокот на пандемијата каде имаше и повеќе од 1.000 новозаразени дневно, минатите 24 часа има 77 нови случаи.

Во Италија, која на почетокот беше најтешко погодена земја со ковид-19, инфекцијата досега е потврдена кај повеќе од 243.000 лица, од кои 34.954 починаа.

Властите наведуваат дека бројот на заразени и починати во земјата е значително повисок од официјалниот, затоа што многу инфексии со благи или без симптоми поминаа незабележано.