Во Русија повторно протести поради апсење на гувернер

People hold posters reading ???Freedom for Sergei Furgal and Hands off from Sergei Furgal!??? during an unsanctioned protest in support of Sergei Furgal, the governor of the Khabarovsk region, who was interrogated ordered held in jail for two months, in Khabarovsk, 6100 kilometers (3800 miles) east of Moscow, Russia, Saturday, July 11, 2020. Thousands of demonstrators in the Russian Far East city of Khabarovsk held a protest against the arrest of the region's governor on charges of involvement in multiple murders. Local news media gave estimates of the crowd ranging from 5,000 to 35,000. (AP Photo/Igor Volkov)

Стотици луѓе денеска втор ден демонстрираат во Хабаровск, на рускиот далечен исток, како поддршка на гувернерот на тој регион кој е обвинет за вмешаност во неколку убиства.

Гувернерот на регионот Хабаровск, Сергеј Фургал (50), беше уапсен во четвртокот и префрлен во Москва, каде после сослушување му беше одреден притвор од два месеци.

Руските власти соопштија дека тој е осомничен за вмешаност во убиства на неколку бизнисмени во 2004 и 2005 година, пред да влезе во политиката. Тој ги негира обвинувањата.

Вчера, според различни проценки, помеѓу 10.000 и 40.000 луѓе демонстрирале во Хабаровск за поддршка на Фургал, и тоа бил еден од најголемите протестни митинзи досега во регионот. Според извештаите на медиумите, демонстрантите извикувале пароли против рускиот претседател Владимир Путин.

Регионалната администрација денеска изрази жалење поради „провокативните слогани“.

– Чувајте го здравиот разум. Ве потсетуваме дека сега секој митинг е забранет поради борбата против коронавирусот, се наведува во соопштението на управата објавено на социјалните мрежи.