Британски виролог тврди дека капките кои содржат корона вирус се заразни еден час


Британскиот виролог Венди Баркли изјави дека лабораториските испитувања покажуваат оти капките кои содржат коронавирус во воздухот можат да останат заразни еден час.

Затоа е значајно што Светската здравствена организација оваа недела го смени службениот став, признавајќи дека пренесување на корона вирусот преку воздух сепак е можно, рече Баркли, која е вработена во Империјал колеџ во Лондон.

Што се однесува до употребата на маски за лице, Баркли рече дека нивната цел е да ги заштитат другите луѓе од заразените луѓе кои ги носат, бидејќи тие можат до одреден степен да спречат пренесување на корона вирусот преку капки, пренесува „Гардијан“.