Кремљ: Односите Русија – САД никогаш не биле на пониско ниво


Односите помеѓу Русија и САД се наоѓаат на најниска точка во историјата, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков во интервју  за државната телевизија „Русија 1“.

– Ситуацијата е многу лоша и на ниво на билатералните односи и најверојатно во смисла на одговорноста на двете земји за мултилатералните односи, пред се на контролата на оружје и глобалната стабилност, посочи Песков коментирајќи ја динамиката на руско-американските односи.