На изборите во Полска Анджеј Дуда има супертесно водство, покажуваат излезните анкети


Анджеј Дуда вечерва веќе ја славеше победата

Екстремно важните претседателски избори во Полска завршија како фотофиниш со мала предност на сегашниот претседател Анджеј Дуда. Според излезните анкети на „Ипсос“ Дуда води пред неговиот либерален противкандидат Рафал Тржасковски, за помалку од еден процентен поен – 50,4 наспроти 49,6 проценти.

Бројките се во рамките на границата на грешка во анкетата од 2 отсто, што значи дека исходот сѐ уште висеше во воздухот во неделата вечерта. Резултатите треба да доаѓаат постепено во текот на ноќта, а финалниот резултат треба да биде познат во понеделник наутро.

Резултатот се смета за клучен за идниот правец на Полска и нејзините односи со остатокот на Европа. Дуда е сојузник на владејачката партија Право и правда (ПиС), а неговата победа би му дала на ПиС контролата врз повеќето лостови на моќ уште неколку години, дозволувајќи му да продолжи со агенда со која еродира владеењето на правото и судсската независност, ставајќи ја Полска на курс за судир со ЕУ.

Ако победи Тржасковски, тој ќе може да го искористи претседателското вето за стилизирање на законодавната агенда на ПиС и ќе го прикаже полибералниот и про-ЕУ лик на Полска на надворешниот свет.

Според излезните анкети, одѕивот бил 68,9 отсто, што е рекорд. Она што може да ги направи резултатот крајно неизвесен се над половина милион гласачи кои се регистрираа да гласаат во странство, што е рекорден број.

Според излезните анкети помалку од 150.000 гласови ги делат двајцата кандидати, што значи дека гласовите на Полјаците во странство би можеле да играат решавачка улога. Тржасковски освои повеќе од двојно повеќе гласови од странство од Дуда во првиот круг пред две недели. (Според агенциите)