Гори зграда од 35 ката во Дубаи (ВИДЕО)


Солитерот „Емар“ од 35 ката кој се наоѓа кај познатата Бурџ Калифа, највисоката зграда во светот, се запали рано утринава во Дубаи. Во овој пожар солитерот делумно изгорел, јавуваат тамошните медиуми. Пожарот е локализиран, но засега нема информации за жртви. "Strong fire in the center of Dubai in the Downtown area. The high-rise of the […]

Адмирал Ричардс: Се подготвува долг судир меѓу САД и Кина


Шефот на Стратешката команда на американските вооружени сили, адмиралот Чарлс А. Ричард, смета дека е на повидок голем судир меѓу САД и Кина. Според него, војната во Украина е само „загревање за подолг конфликт со Кина што им се заканува на САД“, пренесе „The War Zone“. Американскиот адмирал предупреди дека САД во многу блиска иднина […]

Околу Тајван забележани 44 кинески воени авиони и четири бродови


Министерството за одбрана на Тајван вчера соопшти дека следи 44 кинески воени авиони, четири воени бродови и два воени беспилотни летала околу островот. Кинеските воздушни и поморски возила се надгледуваат со електронски алатки за следење, патролни авиони, бродови и копнени ракетни системи, соопшти Министерството. Тензиите меѓу Пекинг и Вашингтон ескалираа откако Кина започна воени операции […]

Најмалку 25 загинати во сообраќајка во Гвинеја


  Во судар на камион и минибус во близина на гратчето Сугета во гвинеја загинаа најмалку 25 лица, а барем седум се повредени, јави висок функционер во администрацијата на оваа западноафриканска држава. Според извештајот, минибусот при претекнување преминал во спротивна лента и се судрил со камион. Возачот на минибусот ја преживеал несреќата, иако тешко е […]

Русија во Украина загубила повеќе авиони отколку што може да произведе


  Врховниот командант на украинските вооружени сили, Валериј Залужни, изјави дека Русија досега загубила двојно повеќе авиони во Украина отколку во советско-авганистанската војна. И британското Министерство за одбрана, во својот најнов извештај за војната во Украина, објавува сопствена проценка за состојбата на руските воздухопловни сили и нивните загуби од почетокот на инвазијата на Украина, потсетуваат […]

Приведени 65 лица на митинг на опозицијата во Кишињев


Приведени се 65 лица на митинг на опозицијата во Кишињев, соопшти денеска главниот полициски инспекторат на Министерството за внатрешни работи на Молдавија. Полицијата во Молдавија истакна дека регистрирани се „повеќе провокации против припадниците на безбедносните сили“. „Конкретно, зборуваме за обидите за пробивање на полицискиот кордон. Задржани се 65 лица, од кои четири малолетници. Идентификувани се […]

Огромно мнозинство ирански пратеници бараат судството да го применува Законот за одмазда


Огромно мнозинство од вкупно 290-те членови на иранскиот Парламент вчера побараа судството да го примени Законот за одмазда против „непријателите на Бога“ алудирајќи на протестите во земјата. Во соопштението потпишано од 227 од вкупно 290 пратеници, се бара од сите надлежни органи, вклучувајќи го и судството, што поскоро да го спроведат Законот за одмазда против […]

Убиена студентка во иранската провинција Курдистан, насилство и на северозападот и југоистокот на Иран


Во северозападниот град Мариван, во провинцијата Курдистан, иранските безбедносни сили вчера отворија оган и употребија солзавец врз демонстрантите, изјавија очевидци. Демонстрантите излегоа на улиците да го изразат својот револт поради смртта на курдска студентка од градот, која загина во саботата. Според организацијата за човекови права „Хенгав“ (Hengaw), која од Норвешка го следи третманот на курдското […]

На референдум отповикан градоначалникот на Франкфурт


Петер Фелдман, контроверзниот градоначалник на германскиот финансиски центар – Франкфурт, преку граѓански референдум е сменет од функцијата, покажаа резултатите од вчерашното гласање. Повеќе од 95 отсто од гласачите гласаа за отповикување на Фелдман, политичар од централно-левичарската Социјалдемократска партија (СПД). Тој се соочува со обвинувања за корупција и неговиот мандат беше исполнет со гафови. Фелдман го […]

Зеленски: Се подготвуваме за нови руски напади врз инфраструктурата во Украина


  Украинскиот претседател Володимир Зеленски рано изутринава изјави дека земјата се подготвува за нови руски напади врз нејзината инфраструктура, откако градоначалникот на Киев ги повика граѓаните да се подготват за најлошото можно сценарио. – Земјата денеска се соочува со недостиг од 32 отсто во предвиденото снабдување со електрична енергија, рече Сергеј Коваленко, извршен директор на […]

Убиен рускиот свештеник што ги советуваше жените да раѓаат повеќе деца за во војска


Рускиот свештеник Михаил Васиљев, кој им предложи на руските мајки да раѓаат повеќе деца за да не се плашат да ги испратат своите возрасни синови во војната на  Русија против  Украина, штотуку беше убиен во Украина. Руската православна црква соопшти дека Михаил Василјев е убиен во „областа на специјалната воена операција во Украина“, односно во […]

(ВИДЕО) Киев во мрак


  These black outs move Kyiv residents from sympathy & friendship we feel to our city, to pure love and admiration. So strong, that you feel touched, emotional and even dizzy while looking into dark and rarely bright windows; and thinking about the residents inside pic.twitter.com/elYQxND50u — Nataliya Gumenyuk (@ngumenyuk) November 6, 2022

Сојузниците на Трамп се свртеа против него: Каков идиот!


Конзервативните коментатори кои обично се сојузници на Доналд Трамп се свртеа против  поранешниот претседател откако тој тргна по републиканскиот гувернер на Флорида Рон ДеСантис во саботата. Трамп му се потсмеваше на ДеСантис како „Рон ДеСантимониус“ додека разговараше за републиканските претседателски прелиминарни избори во 2024 година на митинг во Пенсилванија. Тој и Трамп нашироко се сметаат […]

(ВИДЕО) Луганск како масовна гробница


Во украинските постови на социјалните мрежи се појави видео од  ослободени делови од Луганск на кое се гледаат поаледиците од рускиот пораз во Украина. Од она што може да се види на видеото, патот е обележан со бројни гробови од загинатите војници.  A fresh Russian graveyard in what appears to be occupied Luhansk Oblast. All […]

По првпат отворена темата за „климатски репарации“


 Делегатите на климатската конференција на ОН COP27 во Египет се согласија да разговараат за тоа дали богатите земји треба да ги компензираат сиромашните земји кои се најранливи на климатските промени, а со оглед на тоа дека најголемиот дел од стакленичките гасови ги произведуваат индустриски поразвиените земји. – Ова создава, по првпат, институционално стабилен простор на […]

Руската администрација се жали: Херсон е без струја и вода


Руската администрација во окупираната украинска област Херсон денеска соопшти дека многу населени места, вклучително и градот Херсон, останале без вода и струја по, како што го нарече, чин на „саботажа“. Владата на Херсон, назначена од Москва, на Телеграм објави дека снабдувањето со електрична енергија и вода е „привремено прекинато“ откако во „терористички напад“ се оштетени […]

Качињски за белата чума во Полска: Жените немаат деца зашто многу пијат


Лидерот на полската владејачка партија Право и Правда, Јарослав Качињски, викендов го откри виновникот за белата чума и тоа што во Полска се раѓаат малку деца – Полјачките кои до својата 25 се забавуваат и пијат колку и нивните машки врсници. „Ако се продолжи на овој начин, кога девојките и младите жени до 25-годишна возраст […]

Вашингтон пост: САД ги охрабруваат украинските лидери за преговори со Русија


Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден приватно ги охрабрува украинските лидери да покажат отвореност за преговори со Русија, објави Вашингтон пост. Според весникот, Киев треба да се откаже од јавното одбивање да се вклучи во мировни преговори доколку претседателот Владимир Путин не биде отстранет од власт. Како што изјавија за Вашингтон пост анонимни извори запознаени со […]

Кина бележи шестмесечен врв на случаи на коронавирус


 Кина вчера го пријави својот најголем број случаи на коронавирус во последните шест месеци, еден ден откако здравствените власти соопштија дека продолжуваат да се придржуваат до строгите ограничувања за коронавирус. Кина евидентираше 4.610 нови случаи, од ​​кои 588 се симптоматски, а 4.022 се асимптоматски, соопштија кинеските здравствени власти. Ова е најголем број заразени од 6 […]

Бајден: Конгресните избори се „одлучувачки момент“ за американската демократија


Американскиот претседател Џо Бајден на синоќешниот голем предизборен митинг во Филаделфија пред конгресните избори во вторник изјави дека ова ќе биде „одлучувачки“ момент за иднината на американската демократија. – Демократијата е буквално на гласачкото ливче. Ова е одлучувачки момент за нацијата и сите ние треба да зборуваме со еден глас, рече лидерот на демократите од […]