(Видео) Руски војник: Кога почна повлекувањето, нашите почнаа да пукаат во нас


 

Група руски војници, мобилизирани од градот Серпухов, во близина на Москва, се пожалија дека се пратени во борба во близина на селото Мекиевка, во Луганск, ослободен од украинците овој месец, без сооветна обука и воена опрема и дека во текот на повлекувањето, нивните сили пукале кон нив.

Во видео објавено на Телеграм канал, еден од војниците зборува дека претрпеле големи губитоци. Вели дека преживеаните во моментот се во воен камп во Бараниковка во Луганската област.Регрутите се вселени вое дна куќа урнатина. и како што вели мажот во видеото „не знаат што прават“. Зградата во која се сместени нема струја. ни прозорци, а мажите немаат што да јадат.

Половина не се вратиле

Војникот што зборува на снимката се претстави како Владимир Андреевич Гурин. Вели дека останале малку, и дека се победени. Според него, командата на единицата си заминала, а тие сега сами се обидуваат да организираат ќета и сами себеси наредуваат.

Гурин исто така, спомнува борец кој се претставува како Точка и четата ја поделил на две единици. Првата единица од 60 луше отишла во борба кај Макиевка и не се вратиле. Регрутите се пожалија и дека им е речено да не носат ништо со себе, дека завршиле во лоши униформи и дека не знаеле каде ќе бидат пратени.

По делумната мобилизација во Русија на социјалните мрежи објавени се многу снимки во кои војниците се жалаат на недостаток на обука, неадекватна опрема и нестручно водство. Некои прикажуваат и застарена опрема и оружје од времето на СССР. Но, Кремљ одлучи да го стегне обрачот околу граѓаните кои објавуваат информации за состојбата на војската, а во моментот се подготвува и уште построг закон кој треба дополнително да ги цензурира медиумите.