Најмалку 13 луѓе загинаа при руските напади во Украина


 

Најмалку седум лица загинаа, а десет се повредени во вчерашното ракетирање на Херсон, од каде руските сили се повлекоа пред две недели.

– Руските окупатори отворија оган врз станбен кварт од повеќецелен ракетен фрлач. Големата зграда се запали, напиша на Телеграм шефот на херсонската воена управа Јарослав Јанучевич.

Руско ракетирање имаше и во другите делови на Украина. Во Вишхород, во близина на Киев загинаа шест, а повредени се 30 луѓе.