Украинец опиша како изгледа животот во Киев без струја и вода


 

По вчерашниот руски ракетен напад на Киев голем дел од главниот град на Украина во моментот нема електрична и топлинска енергија.

Пораншениот украински министер за стопанство Тимофиј Миланов на Твитер опиша како во моментот се живее во Киев без струја и вода додека температурите се на нула.

„Не сум загрижен околу греењето додека температурите не паднат под десет степени“

„Добро утро. Втор ден без струја во киев. 247-ми ден од војната. Нема струја, немаа греење, нема вода. Температурата е околу нула.

Мојот стан уште е топол од претходните денови, но ќе видиме до кога ќе трае. Имам значи, вреќи за спиење, топла облека. Не сум премногу загрижен додека температурата на падне под 10 степени Целзиусови.

Проблем се тоалетите. Имаме залихи од околу 100 литри вода. Снег има и на нашиот балкон.Тоа е изненадувачки голема количина вода. Но, секој пат кога одам на балкон по неа, мора да пуштам студен воздух во станот и тоа не е добро“, напиша Миланов на Твитер. Додаде дека мобилната мрежа работи, но квалитетот на сигналот варира. Вели дека има интернет.

„Ако не размислувам премногу за сѐ, денот ми е нормален“

Поранешниот украински министер вели дека во продавниците има храна, но дека е предизвик да се плати затоа што повеќето работат со готовина и само неколку се поврзани со системот за плаќање со картички.

„Банкарскиот систем е стабилен, но ќе појдам по нешти готовина во случај телекомот или банките да „паднат“. Имам електричен шпорет, што значи нема топла храна додека не се врати струјата. Ова не е забавно.

Имаме план во два дела – прво ќе купиме батерија кои се еквивалент на куќните батерии на Тесла за да имаме струја, а второ ќе купиме опрема за готвење на гас или на дрва“, вели Миланов.

Додава дека на универзитетот во Киев постои подземна скривница и дека на првиот кат се наоѓа агрегат. „Во засолништето има храна, греење и интернет, но водата е проблем. Ако не размислувам премногу за сѐ, денот ми е нормален, само без доручек“, твитна Миланов.