Во Белорусија почна судењето на активист кој доби Нобелова награда за мир


Белорускиот суд денеска го започна судењето на затворениот активист за човекови права Алеш Бељачки, кој оваа година ја подели Нобеловата награда за мир со групите за човекови права во Русија и Украина. Бељачки и уште двајца активисти од Центарот за човекови права „Весна“, кој тој го основаше, се соочуваат со затворска казна до 12 години […]

Путин нареди прекин на огнот за време на Божик


  Рускиот претседател Владимир Путин наложи да се воведе прекин на огнот долж целата линија на воен контакт меѓу страните во Украина за време на прославата на православниот Божик. Ова беше објавено од Интерфакс. Според извештајот, прекинот на огнот ќе важи од 12:00 часот на 6 јануари до 24:00 часот на 7 јануари. Таква наредба […]

Ердоган побара од Путин да прогласи „едностран“ прекин на огнот во Украина


  Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган побара од рускиот колега Владимир Путин да прогласи „едностран“ прекин на огнот во Украина. Ердоган разговараше со Путин и со украинскиот претседател Володимир Зеленски во неговите нови обиди да посредува за ставање крај на 10-месечната војна. Тој му рекол на Путин дека „повиците за мир и преговори треба да […]

Кина во шок и страв по смртта на славната оперска пејачка од ковид


  Зголемениот број кинески јавни личности чии смртни случаи се објавуваат јавно ги поттикнува луѓето да се сомневаат во официјалниот број на загинати од Ковид. Смртта на Чу Ланлан, 40-годишната оперска пејачка, минатиот месец беше шок за многумина, со оглед на тоа колку е млада. Нејзиното семејство соопшти дека е тажно поради нејзиното „ненадејно заминување“, […]

Медведев се заканува дека ќе го вразумат секој што ќе им се заканува


Руската фрегата „Адмирал Горшков“, која во средата тргна на борбена должност, треба да вразуми секој кој ќе се осмели да претставува директна закана за Русија, предупреди денеска заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев на својот канал на „Телеграм“. Медведев рече дека хиперсоничната фрегата Циркон, која вчера го започна своето патување преку Атлантскиот […]

Најзаразен сој на коронавирусот, Кракен се шири низ светот


  Новиот сој на коронавирусот – XББ. 1.5, со голема брзина се шири низ светот, а според податоците на Светската здравствена организација, тоа е најзаразниот вид откриен од почетокот на пандемијата. Новиот вид познат и како Кракен, откриен е во најмалку 29 земји откако првпат се појави во Њујорк на 22 октомври, објави „Дејли мејл“. […]

Рускиот патријарх Кирил повика на Божикно примирје


  Патријархот Кирил, водачот на Руската православна црква, повика на привремен 36-часовен прекин на огнот во Украина по повод одбележувањето на православниот Божик. „Јас, Кирил, патријархот на Москва и на цела Русија, апелирам до сите страни вклучени во меѓусебниот конфликт со апел за прекин на огнот и воспоставување Божикно примирје од 12:00 часот на 6 […]

Само во еден ирански дрон се пронајдени делови од десет американски компании


  Делови направени од повеќе од десетина американски и западни компании беа пронајдени во само еден ирански дрон соборен во Украина минатата есен, според проценката на украинските разузнавачки служби до кои ексклузивно дојде Си-Ен-Ен. Проценката, која беше споделена со претставници на американската влада кон крајот на минатата година, го илустрира степенот на проблемот со кој […]

Дронот кој го користат Русите составен е од делови од 13 американски фирми


Од 52 компоненти на дронот „шахед-136“, кој Русија го користи во Украина, дури 40 се произведени од американски фирми. Еден од иранските дронови кои ланската есен е урнат во Украина во себе имал голем број делови произведени во Америка и други западни земји, дознава Си-ен-ен. Оваа информација исплва на виделина откако претседателот на САД, Џо […]

Путин: Русија отворена за дијалог доколку Украина ги прифати новите територијални реалности


 Русија е отворена за дијалог со Украина под услов Киев да ги прифати „новите територијални реалности“ настанати по руската офанзива, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин. Во телефонскиот разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Путин „повтори дека Русија е отворена за сериозен дијалог – под услов властите во Киев да ги почитуваат добро познатите […]

Германија притиска, ЕУ во тесно: Целосната легализација на канабисот тропа на вратата на ЕУ?


Во октомври  лани, Германија претстави храбар план за целосно легализирање на рекреативниот канабис за луѓе на возраст од 18 и повеќе години. Но, законите ширум ЕУ за сè, од единствениот пазар до шверцот на дрога се закануваат да ја расипат забавата – освен ако Германија не може да ја убеди ЕУ да се вклучи. Општо […]

Папата Франциск на погребната церемонија го спореди починатиот Бенедикт Шеснаесетти со Исус


Папата Франциск кој ја предводеше погребната церемонија на упокоениот Бенедикт Шеснаесетти, во молитвата пред верниците на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан својот претходник го спореди со Исус. Во проповедта тој употреби десетици библиски референци и црковни списи, споредувајќи го Бенедикт со Исус, вклучувајќи ги и неговите последни зборови пред да умре на крстот: „Оче, во […]

Пред базиликата „Свети Петар“ во Ватикан се одржува погребната церемонија на Бенедикт Шеснаесетти


Со изнесувањето на ковчегот со посмртните останки на Бенедикт Шеснаесетти на плоштадот „Свети Петар“ пред истоимената базилика во Ватикан започна погребната церемонија на поранешниот поглавар на Римокатоличката црква. Огромна толпа верници и великодостојници, јавни личности и обични луѓе со аплауз го пречекаа ковчегот пред базиликата. Меѓу официјалните гости присутни се претседателите на Италија, Германија, Полска […]

Дали „најсаканата ќерка“ на Ким Јонг-ун ќе биде следниот водач на Северна Кореја?


  Нејзиното појавување во државните медиуми, како и на фотографиите објавени за Нова година, поттикна повеќе шпекулации за плановите за избор на наслиедник. Но, не е откриено многу за оваа млада девојка. За Нова година државните медиуми објавија недатирани фотографии од неа и Ким во посета на постројките за нуклеарни ракети. Нејзината возраст и името […]

Бајден потврди дека се размислува на Украина да се испратат борбени возила Бредли


САД– Американскиот претседател Џо Бајден синоќа изјави дека се разгледува опцијата за испраќање оклопни борбени возила Бредли во Украина, дел од уште еден пакет помош во оружје што ќе биде објавен во наредните денови. „Да“, одговори Бајден на прашањето дали таа опција е „на маса“, пренесе Хина. Бредли е оклопно возило со моќно оружје, кое […]

Загриженост поради новата вирусна мутација на Омикрон во САД


Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах укажува на новата подваријанта на коронавирусот која во САД предизвикува зголемен број упати на пациенти во болниците. „Следиме дали и колку силно ќе настапи XBB.1.5 во Германија. Да се надеваме дека ќе ја поминеме зимата пред ваква варијанта да се прошири и кај нас,“ изјави Лаутербах. Подваријантата XBB.1.5 е многу полесно пренослива од […]

Осум лица, меѓу нив пет деца, пронајдени со прострелни рани во САД


САД- Осум лица, меѓу кои пет деца, сите членови на исто семејство, се пронајдени мртви со прострелни рани во дом во јужна Јута, соопштија локалните власти, без да наведат дополнителни детали или можен мотив за злосторството.   Жртвите биле пронајдени кога полицијата ја проверила куќата, се вели во изјавата на градските власти во Енох, град […]

СЗО: Во Кина не се откриени нови варијанти на Ковид-19


 Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека, според податоците на Кинескиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), во Кина не се откриени нови варијанти на Ковид-19. ЦДЦ на Кина ги претстави податоците во вторникот на состанокот на Техничката советодавна група на СЗО за еволуцијата на вирусот. Беше посочено дека за време на состанокот кинеските […]

По петгодишна пауза, САД повторно издаваат визи во Куба


 Одделот за конзуларни прашања и издавање визи на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Куба продолжи со работа по петгодишна пауза. На крајот на декември, амбасадата објави дека од 4 јануари ќе започне целосна обработка на имигрантските визи во дипломатската институција, а неименуван портпарол на Стејт департментот потврди дека процесот продолжува. Американските визни и конзуларни […]

Во Ватикан денеска ќе биде погребан поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти


  Десетици илјади верници и достоинственици се очекува да присуствуват денеска во Ватикан на погребот на упокоениот папа Бенедикт Шеснаесетти. Церемонијата ќе ја води актуелниот папа Франциск. Според најавите, самата церемонијата ќе биде свечена, но скромна, како што би сакал Бенедикт Шеснаесетти. Најавено е присуство на голем број државници, шефови на држави, премиери, министри. Италија […]