Макрон: Ситуацијата во здравството може да се влоши


  Проблемите во францускиот здравствен сектор, може да се продлабочат наредните години, изјави денеска претседателот на Франција, Емануел Макрон. „Се соочуваме со ситуација која може да се влоши во поглед на медицинската демографија“, рече Макрон, укажувајќи на стареењето на француското население, што значи и дека голем број лекари и медицински сестри во моментот заминуваат во […]

Режисерот Никита Михалков во тешка состојба од ковид пневмонија


  Рускиот режисер и пропагандист Никита Михалков е префрлен на интензивна нега од градската болница бр.67 во Москва, каде што ден претходно бил донесен во тешка состојба, пишува телеграмскиот канал База. Според изданието, му била дијагностицирана ковид пневмонија. Во исто време, претставникот на Михалков, Ирина Мјачина, ги демантираше информациите дека тој има ковид. Прес-секретарот на […]

Во Украина и покрај примирјето се огласија сирените за воздушен напад


И покрај привременото примирје во повеќе украински градови, вклучително и Киев се огласија сирените за воздушен напад. Украинците на социјалните мрежи објавија дека се слушаат сирените предупредувајчи на воздушен напад, само неколку часа откако Русија повика на 36-часовен прекин на огнот. Според странските медиуми јавија и дека се слуша артилериски оган и на украинската и на руската страна на фронтот во Бахмут, источна Украина. Претседателот на Русија, Владимир Путин […]

Бајден ќе одликува 12 луѓе кои пред две години го бранеа Капитол


  Претседателот на САД, Џо Бајден денеска ќе одликува 12 луѓе со Претседателскиот граѓански медал на церемонијата во Белата куќа по повод двегодишнината од нападот врз Капитол. Во нападот врз Капитол на 6 јануари во 2021 година, приврзаниците на тогашниот претседател Доналд Трамп упаднаа во зградата во неуспешен обид да го спречат Конгресот да го […]

Вулканот Килауеа повторно активен


  Вулканот Килауеа на Хаваите повторно почна да исфрла вулкански гасови, објави Американскиот геолошки институт (УСГС). Поради активноста на Килауеа подигнато е нивото на тревога на црвено. УСГС соопшти дека вулканскиот гас, што се состои од сулфур диоксид и други гасови, може да произведе видлива вулканска магла позната како „вог“, мешавина од вулкански гас и […]

Иран го затвори Францускиот институт во Техеран поради карикатурите на ајатолахот Хамнеи во „Шарли eбдо“


  Иранските власти вчера го затворија Францускиот институт во Техеран, откако „Шарли eбдо“ објави карикатури на врховниот лидер, ајатолахот Али Хамнеи. Иран претходно ја предупреди Франција дека ќе реагира на објавените карикатурите, кои според Техеран се „навреда на симболите на суверенитетот и националните вредности“. Францускиот сатиричен неделник на 4 јануари објави неколку десетина карикатури на […]

Во Судан уапсен најбараниот трговец со луѓе во светот


 Интерпол денеска соопшти дека во Судан е уапсен, Ертитрецот, Кидан Зекаријас Хабтемариам познат како еден од најбараните трговци со луѓе во светот. – Тој е уапсен во голема меѓународна полициска операција предводена од Обединетите Арапски Емирати, врз основа на информации споделени преку Интерпол, се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи на ОАЕ. Хабтемариам […]

Пеле доби улица во Рио де Женеиро


 Една од авениите во Рио де Женеиро ќе го носи името на прославениот бразилски фудбалер Пеле, одлучија градските власти. Како што јавија локалните медиуми, дел од патот „Авенида Радиал Оесте“ (Avenida Radial Oeste), долг 1.4 километри во близина на стадионот „Маракана“ ќе го носи името Авенија на кралот Пеле(Avenida Rei Pele). Пеле почина од рак […]

Москва: Почнува 36-часовното примирје


Прекинот на огнот за војниците да го прослават православниот Божик официјално почна точно напладне по московско време, објави  руската државна телевизија. Телевизијата наведе дека „денеска напладне на целата борбена линија стапи во сила режимот на прекин на огнот. Тој ќе трае до крајот на 7 јануари“. Рускиот претседател Владимир Путин вчера му нареди на министерот […]

Медведев: Неприфаќање на примирјето значи помалку проблеми за руските војници


  Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев денеска изјави дека Киев со одбивањето на примирјето не ја прифаќа „раката на христијанската милост“, но и „помалку проблеми“ за руските војници. Тој истакна дека му е жал за луѓето, кои ја изгубиле можноста да одат во црква. – И свињите немаат вера, немаат вродено чувство […]

Продолжи ерупцијата на вулкан на Хаваите


Ерупцијата на вулканот Килауа на Хаваите продолжи, соопшти денеска Геолошкиот завод на САД за следење на вулкаснки активности. Нивото на предупредување заради вулканот е подигнато на „црвено“, откако е проценета силата на еруоцијата и потенцијалните опасности кои произлегуваат од неа, пренесе Ројтерс. Килауа е активен вулкан на Хавајските острови. Сместен покрај југоисточниот брег на Големиот […]

Конечно, Украина добива западни тенкови


  Големите западни сили конечно одлучија да испратат оклопни возила во Украина, потег што раководството на Киев долго го бараше и за кој се надева дека ќе даде голема помош додека се бори против трупите на Владимир Путин. Сѐ започна во средата кога Емануел Макрон објави дека испраќа „лесни тенкови“ – оклопни борбени возила AMX-10 […]

Најмалку две жртви во Калифорнија во силното невреме од Пацификот


  Силното невреме во Пацификот донесе ветрови, обилни врнежи од дожд и снег, поплави и лизгање на кал низ Калифорнија втор ден по ред, оставајќи десетици илјади домови без струја и неколку жртви. Бурата беше поттикната од два феномени кои се преклопуваат – огромна струја на густа влага во воздухот што доаѓа од океанот, наречена […]

Три дена. Единаесет гласања. Сѐ уште нема спикер на Претставничкиот дом на САД


  Републиканскиот лидер на Претставничкиот дом, Кевин Мекарти, не успеа во неговиот последен обид да биде избран за спикер во парализата на американската влада што не е забележана од ерата пред Граѓанската војна. Група десничари во неговата партија го исфрли од колосек единаесеттиот обид да го изберат на третиот ден од гласањето. Републиканците го презедоа […]

Принцот Хари: Убив 25 Талибанци во Авганистан


Принцот Хари во своите мемоари тврди дека убил 25 луѓе додека бил на воена должност во Авганистан, за време на неговата втора турнеја како пилот на хеликоптер Апачи. Војводата од Сасекс ова тврдење го изнел во своите мемоари, кои се уште не се официјално објавени, но протекоа и случајно се пуштени во продажба во Шпанија. […]

Бајден и Шолц се согласија да испратат борбени возила за да и помогнат на Украина


  Американскиот претседател Џо Бајден и германскиот канцелар Олаф Шолц се согласија денеска да испратат борбени возила за да и помогнат на Украина во борбата против Русија, соопшти Белата куќа. – САД имаат намера да и достават на Украина борбени возила за пешадија „Бредли“, а Германија има намера да и обезбеди на Украина борбени возила […]

Рафила: Романија поради грипот е во состојба на епидемиолошка тревога


Романија нема да прогласи епидемија на грип, иако државата е во состојба на епидемиолошка тревога, изјави на денешната прес-конференција министерот за здравство на таа држава Александру Рафила. – Не сакам на кој било начин да се вратам на дискусиите поврзани со карантин и изолација. Претпочитам препораки отколку ограничувања, истакна Рафила и им препорача на Романците […]

Бајден: Путин „се обидува да најде малку кислород“ со наредбата за прекин на огнот


  Американскиот претседател Џо Бајден изрази скептицизам во врска со прекинот на огнот нареден од рускиот претседател Владимир Путин во Украина за божикните богослужби на православните христијани на 6 и 7 јануари. „Не сум подготвен да одговорам (на) сѐ што ќе каже Путин. Тпа ми изгледа интересно. Тој беше подготвен да бомбардира болници, градинки и […]

САД месечно ќе примаат и до 30 илјади мигранти од Куба, Хаити, Никарагва и Венецуела


До 30.000 мигранти од Куба, Хаити, Никарагва и Венецуела месечно ќе примаат САД, додека се заоструваат ограничувањата за тие кои сакаат да влезат илегално, изјави висок американски функционер. – Тие мерки ќе ги прошират и забрзаат правните патишта за уредна миграција и ќе резултираат со нови последици за тие кои нема да ги користат тие […]

Во Белорусија почна судењето на активист кој доби Нобелова награда за мир


Белорускиот суд денеска го започна судењето на затворениот активист за човекови права Алеш Бељачки, кој оваа година ја подели Нобеловата награда за мир со групите за човекови права во Русија и Украина. Бељачки и уште двајца активисти од Центарот за човекови права „Весна“, кој тој го основаше, се соочуваат со затворска казна до 12 години […]