Шестгодишен ученик пукаше во учителка, директорот доби отказ


 

Директорот на основно училиште во сојузната американска држава Вирџинија доби отказ откако шестгодишно дете на почетокот на година пукаше од пиштол и ја рани учителката.

Школскиот одбор со пет гласа спрема еден, одлучи да го отпушти директорот Џорџ Паркер само неколку часа откако неговиот адвокт најави тужба.

Учителката е пуштена од болница

Абигејл Звернер, 25-годишната наставничка, пуштена е од болница минатата недела откако беше погодена со пиштол во училницата. Нејзиниот адвокат рече дека пукањето можело да се спречи. Полицијата засега не објави никакви обвиненија. Еден родител чие детебило во училницата кога била застрелана учителката, рекол дека Звернер реагирала несебично, Откако била погодена од куршумот им викала на децата да бегаат.

Уште не е познато како шестгодишникот дошол до пиштолот. Полицијата вели дека во училницата од прво одделение дошло до кавга, која завршила со пукање. Не се работи за случајно стрелање, додаваат од полицијата.