Паника и евакуација на музеј во Лион по дојава за бомба


 

Антрополошкиот музеј во францускиот град Лион, денеска е затворен за посетители, откако сите вработени и посетители утрово биле евакуирани поради закана со бомба.

Полициски извор вели дека истражителите и деминерите го испитале објектот.

Менаџментот на музејот појасни дека морало да се затвори целиот објект од безбедносни причини, не наведувајќи детали. Трамвајот Т1, кој сообраќа во тој дел од градот привремено утрово не стоел на станицата кај Музејот.

Музејот и научен центар е отворен во декември 2014 година.