Украински војници во Германија ќе се обучуваат за користење на борбените возила „мардер“
Германија– Обуката на украинските војници во Германија за користење на германските оклопни борбени возила „мардер“ ќе започне во наредните денови, а за посложените тенкови „леопард 2“ ќе биде малку подоцна, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус.
„Не можам да кажам точен ден“, рече Писториус.
Германија вчера објави дека ќе и достави на Украина 14 современи борбени тенкови „Леопард 2“ и дека ќе им дозволи на земјите партнери да испратат уште 88 тенкови во Киев. САД објавија дека ќе и достават на Украина 31 тенк „Абрамс М1“.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека распоредувањето напредни тенкови во Украина го одразува се поголемото учество на Западот во руско-украинскиот конфликт.
„И европските престолнини и Вашингтон постојано говорат дека испораката на различни видови вооружени системи за Украина, вклучително и тенкови, апсолутно не значи вмешаност на тие земји или на Алијансата (НАТО) во непријателствата во Украина. Ние категорично не се согласуваме со тоа, рече Песков.