Најмалку едно лице загина во снежното невреме во Јапонија


Едно лице загина како последица од снежното невреме што ја погодија Јапонија. Снегот предизвика и проблеми во сообраќајот, а стотици летови се откажани.

Снег, пропратен со силни ветрови, паѓа од вчера, а снежната покривка достигна рекордни 93 сантиметри во западниот град Манива.

Домашните авиокомпании, вклучително и АНА и Јапонија ерлајнс, откажаа повеќе од 300 летови, а брзата железница го суспендираше или го одложи патувањето во северна Јапонија.

Околу 3.000 луѓе вчера беа блокирани на две железнички станици во западниот јапонски град Кјото, откако снегот и силниот ветер го запреа сообраќајот.

Според метеоролозите се очекува невремето да продолжи до утре.