Украина потврди дека нејзините војници се повлекле од Соледар (Видео)


 

Украинските војници се повлекоа од источниот град Соледар каде се ископува сол, изјави во средата телефонски воен портпарол за Си-Ен-Ен.

Русија претходно овој месец тврдеше дека нејзините сили го зазеле Соледар, но Украинците претходно не потврдија дека градот паднал.

„Украинските вооружени сили се повлекоа од Соледар за да ги спасат животите на својот персонал“, изјави Серхи Черевати, портпарол на украинските вооружени сили. „Се повлекоа според планираното, единица по единица“.

Черевати рече дека блискиот град Бахмут и понатаму е под постојан напад на руските сили и дека „таму се водат жестоки борби“.