(Видео) Зеленски во интервју дозна за одлуката за испраќање тенкови, еве како реагираше


 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски дозна за одлуката на Германија да испрати тенкови Леопард 2 во Украина за време на интервјуто за британски Скај њуз.

Откако новинарот го праша дали му олеснало поради испраќањето на тенковите, Зеленски одговорил: „Сè уште не“. Миг подоцна, портпаролот му ја соопшти среќната вест.

„Многу сум среќен. Сакам да им се заблагодарам на Германија, Британија и САД за оваа одлука. Сè на сè, многу сум му благодарен на светот за поддршката за Украина. Да бидам искрен, сега бројот на тенкови и времето за испорака за Украина се критични“, додаде тој.

Видеото од моментот кога дознал дека доаѓаат со тенкови можете да го погледнете подолу.