Федерер по девет години загуби сет, но се пласираше во второто коло на „Вимблдон“


Роџер Федерер го започна успешно учеството на „Вимблдон“, откако го порази во четири сета Лојд-Џорџ Харис – 3: 6, 6:1, 6:2, 6:2, за нешто помалку од два часа игра на централниот терен во „Ол Ингланд Клаб“. Швајцарецот изненадувачки го загуби првиот сет, кога младиот Јужноафриканец направи брејк на сервис на Федерер, по што беспрекорно го […]

Осумнаесет годишен Бразилец е првото засилување на Арсенал


Арсенал се пофали со првото засилување ова лето. Се работи за 18-годишниот бразилски напаѓач Габриел Мартинели, кој доаѓа од Итуано. Според локалните медиуми, тој ќе ги чини „топџиите“ 6,5 милиони фунти. Мартинели дебитираше на Итуано уште на 16 години и девет месеци. Од тогаш, тој постигна 10 гола во 34 натпревари за клубот од Сао […]

ПСЖ купи играч на позицијата на Нејмар


Тимот на Пари Сен Жермен го привлече напаѓачот на Севиља, Пабло Сарабија за 20 милиони евра. 27-годишниот Сарабија потпиша петгодишен договор со француските шампиони. Сарабија одигра одлична сезона за Андалузијците, постигнувајќи 23 гола и реализирајќи 17 асистенции на сите турнири. Според медиумите во Франција, овој трансфер може да значи дека ПСЖ ќе се раздели со […]

Муту: Ибрахимовиќ имаше кошмари поврзани со Роналдо


Поранешниот напаѓач на Јувентус, Адријан Муту се потсети на интересна приказна од својата кариера поврзана со друг поранешен напаѓач на „бјанконерите“ – Златан Ибрахимовиќ. Романецот откри дека шведската ѕвезда страдал од кошмари поврзани со петкратниот освојувач на „Златната топка“, Кристијано Роналдо. „Во Јувентус со Ибрахимовиќ спиевме во иста соба пред натпреварите. Еднаш Ибра се разбуди […]

Македонскиот фудбал на „Спорт клуб“ или „Арена спорт“?


Фудбалските прволигаши со рок за изјаснување до среда за продажба на ТВ правата за сезоната 2019/20. На маса имаат две понуди. Едната е од Спорт Клуб, втората е од Арена спорт. Се разликуваат и по содржина (обем на преноси) и по финансии, но и двете одат во насока на популаризација на домашното првенство во регионални […]

КФСМ ја доби салата „Кале“ во трајно владеење


Кошаркарската федерација на Северна Македонија од денеска ја доби на користење голема сала на СРЦ „Кале“. Ова не заедничка прес-конференција го соопштија раководството на федерацијата и претставници на Владата. Првиот човек на КФСМ, Перо Антиќ се заблагодари на Владата и изрази задоволство од тоа што федерацијата добива своја сала. – Во нашата програма стои дека […]

Буфон се враќа во Јувентус


Италија – Легендарниот голман Џанлуиџи Буфон се враќа во Јувентус. Како што известува новинарот и добар познавач на случувањата во италијанскиот фудбал, Џанлука Ди Марзио на неговата веб-страница, 41-годишниот Буфон се согласи на договор со клубот од Торино. Останува само двете страни да ја официјализираат соработката. За потсетување, Буфон бранеше за Јувентус 17 сезони, од 2001 […]

Вимблдон: 15-годишнaтa Коко Гауф ја совлада Венус Вилијамс


Англија- Поранешната бр.1 во светот, Венус Вилијамс отпадна уште во првиот круг на „Вимблдон“. 39-годишната петкратна шампионка во Лондон загуби со 4:6, 4:6 од тинејџерска Кори Гауф која е најмладата тенисерка во историјата на „Вимблдон“ во „Опен ерата“, која се рангираше за главната шема. Петнаесет годишната Американка забележа вкупно три брејка на средбата против само […]

Ковачиќ останува трајно во Челзи


Челзи официјално го објави купувањето на халфот на Реал Мадрид, Матео Ковачиќ. На лондонскиот тим му беше дозволено да потпише со хрватскиот играч од средниот ред и покрај забраната за трансфери, бидејќи тој сè уште беше регистриран во клубот до крајот на јуни по земањето под кирија. – Навистина уживав во мојата сезона во Челзи. […]

Официјално: Рабио потпиша со Јувентус


Италијанскиот шампион Јувентус го привлече францускиот репрезентативец Адриен Рабио. 24-годишниот играч од средниот ред пристигна на слободен трансфер од Пари Сен Жермен. Официјалното соопштение на „бјанконерите“ не го споменува рокот на договорот, но според медиумите, тој е за 4 години. Рабио ќе добие 10 милиони евра на рака, а неговата годишна плата ќе биде 7 […]

Шефот на шпанскиот фудбал: Враќањето на Нејмар ќе наштети на Ла Лига


Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, изјави дека преферира Нејмар да не се враќа во шампионатот, ако не го подобри своето однесување. Бразилецот ја напушти Барселона во насока ПСЖ за рекордна сума од 222 милиони евра во август 2017 година, но може да изненади и да се врати во „Камп Ноу“ ова лето. – Според […]

Гвардиола: Нема друг стадион како „Енфилд“, се чувствуваш мал таму


Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола го одреди „Енфилд“ како најтешкото место за гостување поради неверојатната атмосфера на стадионот на Ливерпул. Според Шпанецот ова посебно чувство што го доживува противникот на Ливерпул во нивниот дом, не е карактеристично за никој друг стадион во светот. – Мотото „Ова е Енфилд“ не е само маркетиншки трик. Таму […]

Касиљас назад на теренот само два месеци по инфарктот


Една од легендите на светскиот фудбал, Икер Касиљас, се врати на тренинг терените со своите соиграчи во Порто, откако само пред два месеци претрпе срцев удар. Касиљас, кој има 725 натпревари за Реал Мадрид, добил миокарден инфаркт за време на тренинг-сесијата на „змејовите“ на 1 мај и оттогаш не играл. Различни медиуми објавија дека шпанскиот […]

Ремзи сам се претстави како ново засилување на Јувентус


Арон Ремзи е официјално нов играч на Јувентус. Поранешниот фудбалер на Арсенал пристигна како слободен агент и потпиша четиригодишен договор. Договорот меѓу него и италијанскиот шампион беше постигнат во февруари, и тој ќе зазема околу 400.000 фунти неделно во Торино. Јуве пред извесно време потврди дека Ремзи станал дел од клубот и очигледно немал намера […]

По 13 години брак: Се разведе славниот кошаркар Перо Антиќ


Медиумите пишуваат за разводот на славниот македонски кошаркар Перо Антиќ, претседател на кошаркарската федерација и неговата сопруга, бизнисменката Ружица Антиќ. По 13-годишниот брак, причините за разделбата на двојката сè уште се непознати и ниту еден од нив двајца не сака да зборува за истите. Перо и Ружица се разделиле уште пред неколку месеци, а документите […]

Вардар потврди: Нов бразилски репрезентативец пристигнува во Скопје


Европскиот шампион Вардар следната сезона повторно ќе има бразилски репрезентативен ракометар во своите редови откако клубот денеска го потврди доаѓањето на 25-годишниот бразилски интернационалец Хозе Гиљермо Де Толедо. Толедо потпиша двегодишен договор со европскиот првак Вардар, а игра на позицијата десен бек. 193 сантиметри високиот ракометар роден во Сао Паоло ќе му биде колега на […]

Несторовски се договорил со Удинезе


Македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Несторовски ќе биде нов играч на Удинезе, објавија италијанските медиуми. – По Мато Јајало, на „Фриули“ доаѓа и Илија Несторовски, досегашен напаѓач на Палермо. Удинезе и минатото лето се обиде да го ангажира Несторовски, но не му успеа. Сега ја доби трката по играчот победувајќи ги конкурентите Болоња и Торино, пишува […]

Несторовски наскоро со нов клуб: Македонскиот напаѓач си оди од Палермо и ќе игра во Серија А


Македонскиот фудбалски репрезентативец и досегашен капитен на италијански Палермо, Илија Несторовски, донел одлука каде ќе ја продолжи својата кариера. Според италијанските медиуми, следна дестинација на Нестор-гол ќе биде Удинезе, а според истите извори, Несторовски одбил повеќе понуди за да го засили клубот од Удине. Со ова, нашиот голгетер по две години ќе се врати во […]

Пет играчи го напуштија Челзи


Напаѓачот Гонзало Игуаин, голманите Роберт Грин и Едуардо Карваљо, како и дефанзивците Кајл Скот и Гери Кејхил го напуштија Челзи, објави официјалниот сајт на лондонскиот тим. На сите им истекоа договорите со клубот. Игуаин играше за Челзи во втората половина на сезоната 2018/19 на позајмица. Аргентинецот му припаѓа на Јувентус. Грин ја заврши својата фудбалска […]

Верстапен останува победник во Австрија


Пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен останува победник на Големата награда на Австрија откако стјуардите одлучија да не наметнуваат казна за инцидентот со Шарл Леклер на три круга пред завршницата на трката. Холандскиот пилот го нападна Леклер и го истурка од патеката, но стјуардите одлучија дека сè е во рамките на правилата. Така победата остана […]