Надал се жени: Федерер, Роналдо и Енрике Иглесијас поканети на свадбата


Шпанија– 18-кратниот освојувач на Гренд-слем титули, Рафаел Надал, на својата свадба покани еден куп sвезди, меѓу кои и неговиот долгогодишен ривал Роџер Федерер, петкратниот освојувач на „Златната топка“, Кристијано Роналдо и шпанскиот пејач Енрике Иглесијас.

Свадбата на неговата свршеница Марија Франциска Перељо ќе се одржи на 19 октомври, северно од неговиот роден град Мајорка. Местото се вика Ла Форталеза, кое е едно од најскапите имоти на островот и се наоѓа во Заливот на Појенка. Местото се проценува на 137 милиони франци.

Среќната двојка очекува 500 гости. Според шпанските медиуми, на Федерер, Роналдо и Енрике Иглесијас ќе им се придружат и НБА ѕвездата, Пау Гасол, тренерот на Рафа, Карлос Моја и колегите Фернандо Вердаско и Фелисијано Лопез. Гостин ќе биде и поранешниот крал на Шпанија, Хуан Карлос Први.

Ѕвездата на Реал Мадрид – Герет Бејл, исто така, направи свадба на истото место на почетокот на јули.

Местото не случајно го избра Матадорот, бидејќи е вистинска тврдина и ќе биде тешко за медиумите да пристапат. Достапно е само по приватен пат, има железни врати, камери и бодликава жица.

Рафа и Сиска се познаваат уште од школските години, каде се запознале преку нивни заеднички пријател и се заедно уште од 2005 година. 31-годишната свршеница на Шпанецот завршила деловната администрација во Лондон.

Во мај 2018 година, двајцата се свршија за време на одморот во Мајами.