Охридски пливачки маратон: Аксел и Франко победници, Поп Ацев лидер во „гран-при“ серијата


Французинот Аксел Рејмон во машка конкуренција и Италијанката Алис Франко се победници на 33. издание на Охридскиот пливачки маратон што се бодува во рамки на „гран-при“ серијата на ФИНА. Причини за задоволство по настапот во Охридското езеро викендот имаше и Евгениј Поп Ацев. Најголемиот македонски адут го освои второто место, но изби на чело на генералниот пласман во далечинско пливање во сезоната.

На 20 километарската трка од Цриквеница до Нови Винодолски во Хрватскка наредниот викенд тој ќе учествува како севкупен лидер во светскиот поредок во далечинско пливање во 2019 година со седум бода предност. Последната, шеста трка во серијата, е закажана за првиот викенд на септември, на патеката Капри-Неапол во Италија.

Рејмон. двократен светски шампион на 25 километри и рекордер на Охридскиот маратон од 2013 година (тогаш се пливаа 32 километра), ја совлада патеката „Климе Савин“, од Свети Наум до градското пристаниште во Охрид, за 5:20:55,30 часа. Во драматичен финиш, во целта влезе за неколку завеслаи пред Поп Ацев кој целта ја мина осум секунди подоцна (5:21:03,01). Третото место му припадна на Франческо Џетини од Италија кој оствари време од 5:21:09,28 часа.

Франко, пак, заслужено триумфира кај девојките. Од Свети Наум до пристаниште пристигна за 5:41:15 часа, второто место го освои Ерика Јенсен од Аргентина (5:42.31 часа), трета беше нејзината сонародничка Пилар Геихо (5:50:30 часа).

Пливачите на целта ги пречека македонскиот претседател Стево Пендаровски, под чие покровотелство се организира Охридскиот маратон, кој ги одликуваше најдобрите во двете конкуренции со ловорови венци и медали. Наградниот фонд изнесуваше 15.000 долари.

 

Резултати на Охридски маратон (м)

Аксел Рејмон (Франција) 5:20:55,3 часа

Евгениј Поп Ацев (С. Македонија) 5:21:03,0 часа

Франческо Гетини (Италија) 5:21:09,3 часа

Марсел Шоутен (Холандија) 5:21:20,4 часа

Едуардо Стокино (Италија) 5:21:20,4 часа

Андреа Бјанки (Италија) 5:22:57,2 часа

Матеус Евангелиста (Бразил) 5:28:09,4 часа

Мигел Мартин Јунгес Каризо (Аргентина) 5:33:23,7 часа

Дамијан Блаум (Аргентина) 5:35:08,1 часа

Матијас Диаз Ернандез (Аргентина) 5:46:01,6 часа

Агилес Балаудо (Аргентина) 5:50:58,7 часа

Александар Илиевски (С. Македонија) 5:52:03,8 часа

 

Резултати на Охридски маратон (ж)

Алис Франко (Италија) 5:41:15,5 часа

Ерика Јенсен (Аргентина) 5:42:31,8 часа

Пилар Геихо (Аргентина) 5:50:30,2 часа

Ромина Имвинкелриед (Аргентина) 5:55:05,2 часа

Мартина Ориозабала (Аргентина) 6:24:28,1 часа

Лоранс Мари Лорти (Канада) 6:27:51,5 часа

 

Генерален пласман во ФИНА Ултрамаратон серијата за 2019 годија по четири трки (Сен Жан, Санта Фе, Розарио и Охрид) во машка конкуренција

Поп Ацев (С. Македонија) 230 бода

Стокино (Италија) 223

Блаум (Аргентина) 193

Гетини (Италија) 186

Диаз Ернандез (Аргентина) 181

Балаудо (Аргентина) 164

Илиевски (С. Македонија) 159

Евангелиста (Бразил) 142

Шоутен (Холандија) 128

Ерколи (Италија) 123, итн.

 

Генерален пласман во ФИНА Ултрамаратон серијата за 2019 годија по четири трки (Сен Жан, Санта Фе, Розарио и Охрид) во женска конкуренција

Геихо (Аргентина) 249 бода

Имвинкелриед (Аргентина) 174

Марин (Аргентина) 153

Поцобон (Италија) 135

Франко (Италија) 131

Јенсен (Аргентина) 120

Ориозабала (Аргентина) 113

Лорти (Канада) 110

Гарсија (Аргентина) 98

Бјаџоли (Аргентина) 70, итн.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

.