Дивац влегува во Куќата на славните на НБА

САД – Владе Дивац на почетокот на септември ќе влезе меѓу кошаркарските бесмртници, а легендата на српската кошарка во Куќата на славните ќе ја воведе Џери Вест.

Имено, правило е секој нов член на Куќата на славните да биде воведен од постар член, па Дивац одлучил тоа да биде човекот од логото на НБА. Вест беше тој што го донесе Дивац кај Лејкерси, факт што Владе многу често го потенцира.

Дивац им се придружи на Лејкерс во 1989 година и играше во НБА-лигата до 2004 година, запишувајќи над 1.000 поени, 9.000 скокови, 3.000 асистенции и 1.500 блокади.

Инаку, Дивац беше избран како прв дебитант во 1990 година и играше во Ол-стар тимот во 2001 година. Со Југославија и Србија, освои се што можеше да се освои, освен олимпиското злато. Дивац се наоѓа во холот на славните на ФИБА од 2010 година, а неговиот број го повлекоа „Сакраменто кингси“, каде што моментално ја извршува функцијата генерален менаџер.