(ВИДЕО) Новак Ѓоковиќ е и врвен пијанист?!

Руската пијанистка Лола Астанова објави видео на својот инстаграм-профил на кое се гледа како најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ свири на клавир.

„Ова е резултатот после само еден час. Искрено, мислам дека оваа песна никогаш не звучела посоодветно“, гордо напиша Лола под видеото. Секако, Лола свиреше, што ќе се открие на крајот од видеото, а Новак ја испеа легендарната песна „We Are the Champions“ на групата „Квин“.