Швеѓаните им се реваншираа на македонските одбојкари


Македонската одбојкарска репрезентација загуби од Шведска со 3:2 во подготвителен натпревар за настапот на претстојното Европско првенство. Ова беше втор меѓусебен дуел на двете селекции.

За разлика од петокот кога победија „црвено-жолтите“, вчеравечер во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, Швеѓаните на крајот се радуваа по пет сета.

Противникот го доби првиот сет со 25:21, Македонија возврати со 25:20, во третиот Шведска беше подобра со 25:20, нашите одбојкари повторно израмнија со 25:21, по што во решавачкиот петти сет гостите се радуваа со 15:13.

До крајот на подготовките за ЕП, македонската селекција ќе игра на турнирот „Чајка“ во Скопје в петок и сабота, а потоа во Сент Полтен двапати со Австрија.