Олимпијакос најубедлив во плејофот од ЛШ


Грција – Екипата на Олимпијакос ја забележа највисоката победа во последната фаза од квалификациите за фудбалската Лига на шампиони. Во Атина, „црвено-белите“ синоќа го совладаа руски Краснодар со 4:0 и направија голем исчекор кон групната фаза од елитното натпреварување.

Со убава предност од 2:0 се стекна и хрватскиот првак Динамо Загреб против норвешки Розенборг. Цел натпревар кај загрепчани одигра македонскиот репрезентативец Аријан Адеми.

На третиот синоќешен дуел активни 2:2 избори Црвена ѕвезда на гости во Швајцарија кај Јанг бојс.

Резултати на натпреварите играни во вторникот:
Клуж – Спарта Прага 0:1
АПОЕЛ – Ајакс 0:0
ЛАСК – Клуб Бриж 0:1.

Реваншите се закажани за 27 и 28 август.