В недела ќе се плива маратон на Мавровско Езеро
Натпреварите во три возрасни категории за пливачи од 12 до 14 години, од 15-17 и над 18 години, ќе започнат во 13 часот на стартот од Маврови Анови во близина на амбулантата, а целта ќе биде во близина на хотелот „Радика“. Должина на патеката зинесува три километри.
Натпреваривачите ќе се бодуваат според правилата на Меѓународната федерација за пливачки спортови (ФИНА) за трки на отворени води.
Според најавите, се очекува да настапат пливачи од повеќе македонски клубови од Македонија.
Прогласувањето на најдобрите и доделувањето на наградите ќе се одвива во Леуново по завршувањето на трките.
Организатори на овој натпревар е Националната пливачка федерација, Општина Маврово-Ростуше, пливачкиот клуб „Охридски бранови”, Кајак Клуб „Бабуна”.