Официјално: Левандовски потпиша нов договор со Баерн


Управата на Баерн (Минхен) и Роберт Левандовски потпишаа нов договор, објавија од „Алијанц Арена“. Новиот договор меѓу двете страни е до 2023 година. – За мене, Роберт е најдобриот централен напаѓач во светот, рече претседателот на Управниот одбор на тимот, Карл-Хајнц Румениге. Во последните неколку недели, Баварците беа активни на пазарот за трансфери. Тие ги […]

„Скај Италија“: Барса и ПСЖ се договорија за Нејмар


Шефовите на Пари Сен Жермен и Барселона се договорија за трансферот на Нејмар, тврди „Скај Италија“. Договорот ги вклучува Иван Ракитиќ и Жан-Клер Тодибо, како и мултимилионски износ, што не е споменат. Преговорите продолжуваат,со цел да се разјаснат деталите на договорот. Еден од големите новинарски авторитети, Џанлука ди Марцио исто така го потврди договорот. Претседателите […]

Агентот на Дембеле: 100% останува во Барса


Усман Дембеле нема да оди никаде и ќе остане во Барселона, изјави неговиот менаџер Муса Сисоко за „Телефут“. – Тој останува 100% во Барса. Тој нема шанси да замине. Тој сака да остане и да победува со Барса, рече Сисоко. Ова значи дека понудата на Каталонците од 150 милиони плус Дембеле за Нејмар нема шанси […]

Ангеловски не менува многу: Со исти сили против Израел и Летонија, Стојановски единствено ново име


Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски го објави списокот од 23 фудбалери на кои ќе смета за престојните два натпревари од квалификациите за ЕП 2020 против Израел на 5. септември, односно Летонија четири дена подоцна. Ангеловски се одлучи да оди со проверени сили, без многу промени во составот, иако беше видливо по мечевите со […]

Денес ќе бидат извлечени групите во Лигата на шампионите


Монако – Европската фудбалска федерација попладне со почеток во 18 часот во „Гриманди форум“ во Монако ќе ја почне жрепката за групите во Лигата на шампионите. Пред извлекувањето, 32 екипи се поделени во четири „шешири“. Во првиот „шешир“ се: Ливерпул (Англија), Челзи (Англија), Барселона (Шпанија), Баерн Минхен, (Германија), Јувентус (Италија), Манчестер Сити (Англија) ПСЖ (Франција) и […]

Болтон доби рок од 14 дена да избегне банкрот


Болтон сепак има шанса да го задржи членството во фудбалската лига во Англија, пренесува „Скај спортс“. ФА одлучи да не го исклучува клубот веднаш, туку да му даде дополнителни 14 дена за да се справи со финансиските проблеми. Овој рок од две недели треба да е доволен за управата или да го продаде клубот на […]

Германија ја губи трката во Формула 1


Календарот во Формула 1 за следната година ќе се зголеми за една трка до 22, но Германија нема да најде место во неа, пренесува „Auto, Motor und Sport“. Во 2020 година, Виетнам и Холандија ќе бидат вклучени во календарот во Формула 1, откако предлозите ќе бидат одобрени од одборот на Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) на […]

Милан со конечен предлог до Атлетико за Кореа


Италијански Милан направил конечен предлог до Атлетико Мадрид за напаѓачот Анхел Кореа, пишува „АС“. „Росонерите“ се подготвени да платат за аргентинскиот напаѓач 35 милиони евра и 5 милиони бонуси. Милан исто така ќе им понуди на „јорганџиите“ 30% од следниот трансфер на играчот. Во моментов, Милан очекува одговор од шпанскиот клуб. Милан го обнови и […]

Нов повреден играч во Реал Мадрид


Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан доби уште една лоша вест пред мечот со Виљареал во третото коло од Примера дивизион. Ѕвездата на тимот Иско е повреден и ќе ја пропушти средбата во текот на викендот. Шпанскиот репрезентативец станува уште едно име на „Сантијаго Бернабеу“ кој неможе да влезе во комбинација за составот на Зинедин […]

Меси најверојатно ќе го пропушти и следниот натпревар на Барселона


Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси најверојатно ќе го пропушти натпреварот од 3. коло од Примера против Осасуна, пренесува „АС“. Забележано е дека играчот продолжува да тренира според индивидуална програма. Во најдобар случај, тој ќе спроведе две тренинзи со тимот пред средбата со Осасуна. Прогнозите се дека Меси може да се врати во општата група дури […]

На Ибрахимовиќ не му пречи да се врати во Манчестер јунајтед


Напаѓачот на Лос Анџелес галакси, Златан Ибрахимовиќ изјави дека лесно може да игра во Премиер лигата. – Сè уште можам лесно да играм во Премиер лигата. Ако му требам на Манчестер јунајтед, тогаш сум тука. Сепак, сега јас припаѓам на Галакси и сум фокусиран на тоа. Уживав во играњето во Европа. Освоив 33 трофеи и […]

Дембеле навести заминување од Барселона


Напаѓачот на Барселона, Усман Дембеле, го смени изгледот на својата  страницата на Инстаграм. Французинот ги избришал информациите дека е играч на каталонскиот клуб, а според „Ла Сениера“, последен пат Дембеле го стори тоа пред да замине од Дортмунд Борусија. Поради повреда на бутниот мускул, Дембеле ќе биде надвор од терените околу еден месец. Французинот има […]

ПСЖ брза да го потпише Манџукиќ поради повредите на Мбапе и Кавани


Францускиот фудбалски шампион Пари Сен-Жермен започна активно да преговара со Јувентус за напаѓачот Марио Манџукич, обелодени новинарот Џанлука Ди Марцио. Добриот познавач на италијанскиот фудбал, смета дека парижаните брзаат да го донесат Хрватот поради фактот што се повредени напаѓачите Единсон Кавани и Килијан Мбапе. И двајцата напаѓачи на ПСЖ нема да бидат на располагање на […]

Надал се жени: Федерер, Роналдо и Енрике Иглесијас поканети на свадбата


Шпанија– 18-кратниот освојувач на Гренд-слем титули, Рафаел Надал, на својата свадба покани еден куп sвезди, меѓу кои и неговиот долгогодишен ривал Роџер Федерер, петкратниот освојувач на „Златната топка“, Кристијано Роналдо и шпанскиот пејач Енрике Иглесијас. Свадбата на неговата свршеница Марија Франциска Перељо ќе се одржи на 19 октомври, северно од неговиот роден град Мајорка. Местото […]

Надал лесно ја мина првата пречка на УС Опен


САД – Шпанецот Рафаел Надал се пласира во второто коло на Грен слемот УС Опен, откако ноќеска во три сета го надигра Австралиецот Џон Милман. Вториот носител на турнирот во Њујорк првито сет го доби со 6:3, а во следните два на противникот му препушти по два гема. Покрај Надал, ноќта меѓу вторник и среда од […]

Кантона ја добива УЕФА претседателската награда


Франција – Поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед и француската репрезентација Ерик Кантона е добитник на претседателската награда на УЕФА, објавено е на официјалната веб-страница на организацијата. – Оваа награда не е само признавање на кариерата на одличен играч со уникатен талент, неспоредлив стил на игра и непобитна харизма, туку исто така ве почестува заличноста што сте […]

Дивац влегува во Куќата на славните на НБА


САД – Владе Дивац на почетокот на септември ќе влезе меѓу кошаркарските бесмртници, а легендата на српската кошарка во Куќата на славните ќе ја воведе Џери Вест. Имено, правило е секој нов член на Куќата на славните да биде воведен од постар член, па Дивац одлучил тоа да биде човекот од логото на НБА. Вест беше […]

Нејмар се поблиску до Барселона


Француските медиуми денеска известија дека во Париз се одржани нови преговори во врска со трансферот на Нејмар во Барселона. Каталонскиот Мундо депортиво, пак, тврди дека е постигнат договорт и дека пресудила желбата на Бразилецот за враќање во Барселона. Според истите избори, Барса ќе плати 160 милиони евра за играчот, а исплатата ќе биде реализирана во […]

Дестани незадоволен од слабите резултати на Шкендија


Сопственикот на актуелниот шампион на Северна Македонија, Шкендија, Лазим Дестани, изрази незадоволство од нивото на настапите и славите резултати на неговиот клуб кои бележат разочарувачки пад кој не треба да продолжи понатаму. Дестани во соопштението до јавноста истакнува дека во последните настапи не ја гледаме таа Шкендија која сме навикнале да ја гледаме последниве години, […]

Швеѓаните им се реваншираа на македонските одбојкари


Македонската одбојкарска репрезентација загуби од Шведска со 3:2 во подготвителен натпревар за настапот на претстојното Европско првенство. Ова беше втор меѓусебен дуел на двете селекции. За разлика од петокот кога победија „црвено-жолтите“, вчеравечер во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, Швеѓаните на крајот се радуваа по пет сета. Противникот го доби првиот сет со 25:21, […]