Венгер: Салах е како Меси


Поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер, го спореди напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, со лидерот на Барселона, Лионел Меси.

– Салах е како Меси, но тој сепак треба да најде стабилност како што ја има Лео. Мислам дека Египќанецот е добар егзекутор на нападите, но Лео е готов производ. Аргентинецот знае кога да завршува сам, кога да го даде решавачкиот пас. За разлика од него, Салах денес е малку повеќе опседнат со головите, изјави Венгер.

Тој му порача на египетскиот фудбалер повеќе да поработи на тимската игра.