Силва: Радосни сме дека Нејмар остана

Дефанзивецот на Пари Сен Жермен, Тиаго Силва изјави дека е задоволен што напаѓачот Нејмар остана во францускиот клуб.

Во текот на летото, напаѓачот беше близу до трансфер во Шпанија. Главни кандидати беа Реал Мадрид и Барселона, но до трансфер така и не дојде.

– Тренерот секогаш велеше дека се потпира на Нејмар. Сите веруваме во него. И ние сме многу задоволни што Нејмар остана во тимот. Се надевам дека ќе се опорави. Искрено го кажувам тоа, затоа што го познавам не само како фудбалер, туку и како личност. Тој имаше многу тежок период, но сега тој остана зад него, изјави Тијаго Силва за „Екип“.