Добри вести за Солскјер: Баји може да се врати порано од очекуваното


Добра вест доби менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер. Централниот дефанзивец Ерик Баји може да се врати во игра порано од очекуваното. Тој беше подложен на операција на коленото и закрепнувањето се одвива добро.

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска претрпе повреда за време на летната контролна средба со Тотенхем во јули и мораше да го пропушти почетокот на сезоната.

Првично, се тврдеше дека Баји нема да може да игра до Божиќ, но поранешниот играч на Виљареал покажа голем напредок во неговиот процес на закрепнување. Според „ЕСПН“, 25-годишниот дефанзивец може да се врати на тренинзи на почетокот на ноември.

Во негово отсуство, новиот регрут Хари Мегваер и Виктор Линделоф го окупираа центарот за одбраната на „црвените ѓаволи“.

Повредени се и Лук Шоу, Антони Марсијал, Арон Ван-Бисака, Пол Погба и Диого Далот. Џеси Лингард се очекува да биде подготвен за средбата на „црвените ѓаволи“ со Лестер следниот викенд на „Олд Трафорд“.