(ВИДЕО) Косово на Англија и го даде најбрзиот гол во последните 26 години

Англија синоќа на дуелот со Косово во меч од квалификациите за ЕУРО 2020 прими гол во 34 секунда. Ова е најбрз примен гол на „Гордиот Албион“ во последните 26 години.

Стрелец на погодокот беше фудбалерот на Лацио, Валон Бериша.

Натпреварот заврши со победа на Англија 5:3.

Најбрзиот гол англиската репрезентација го прими во ноември 1993 година. Тогаш во квалификациите за СП во 1994 година, играчот на Сан Марино, Дејвид Гуалетиери го погоди англискиот гол во осмата секунда.