Ибрахимовиќ ќе добие споменик во Шведска


Шведска – Напаѓачот на Лос Анџелес галакси, Златан Ибрахимовиќ ќе добие споменик во Шведска, пренесува „АС“.

Иницијативата потекна од шведската фудбалска асоцијација која одлучи споменикот да биде во Малме меѓу стариот и новиот стадион на локалниот клуб. Ова е родниот град и матичниот клубот на шведскиот напаѓач.

Висината на статуата ќе биде 2,7 метра, тежина – околу 500 кг.

Задолжен за изработката на споменикот е скулпторот Питер Линд.