Франција ја заби Америка: Десет разлика за полуфинале со Аргентина

Франција ги елиминираа САД од четврфиналето на Светското кошаркарско првенство во Кина. „Триколорите“ славеа со 89-79, со што обезбедија меч против Аргентина во полуфиналето од шампионатот.

За некого сензација, за други не, Франција водеше во текот на целиот меч со американскиот состав, кој беше наполнет со НБА-играчи, но далеку од најдобрите и најголемите ѕвезди, поради што и многумина се сомневаа колку ќе бидат кадарни да го освојат златото.

САД беа во подредена улога во текот на целиот меч, единствено на почетокот на последната четвртина поведоа со седум разлика, но бргу беа престигнати.

Последниот полуфиналист ќе биде познат по мечот Австралија – Чешка.

Со победата на Франција над САД – Србите, кои вчера загубија од Аргентина, останаа и без директен пласман на Олимписките игри наредната година.