Меси е првиот играч во 21 век кој постигнал гол 16 сезони по ред


Шпанија – Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси постигна гол против Севиља, синоќа во натпревар од 8. коло од Шпанското фудбалско првенство (4:0). Аргентинецот го пропушти почетокот на сезоната поради повреда, а овој гол беше негов прв од мај. Меси стана првиот фудбалер во 21 век кој има реализација 16 последователни сезони во Ла Лига, почнувајќи од […]

Продолжува агонијата на Манчестер јунајтед


Манчестер јунајтед вечерва загуби од Њукасл со 1:0 во натпревар од 8. коло од Премиер лигата на гостински терен и падна на 12.позиција на табелата во Премиер лигата. Стрелец на победничкиот погодок за домаќините беше Метју Лонштаф во 72. минута. За Јунајтед ова беше трет пораз, додека Њукасл ја забележа само вторатата победа. Со новите […]

Барди отпадна, Младеновски и Стоилов дополнително повикани во македонската репрезентација


Енис Барди поради повреда не е во можност да биде дел од македонската фудбалска репрезентација за претстојните натпреварите од квалификациите за ЕУРО 2020. Селекторот Игор Ангеловски дополнително ги повика Ѓорѓи Стоилов од Академија Пандев и Марио Младеновски од Вардар. Двајцата ќе се бидат дел од првиот собир на репрезентацијата закажан за утре. Македонската репрезентација најпрво […]

Манџукиќ е трансфер цел број 1 на Јунајтед


Англија – Манчестер Јунајтед ќе се обиде по секоја цена да го привлече напаѓачот на Јувентус, Марио Манџукиќ. Според „Дејли мејл“, Хрватот е главната цел на „црвените ѓаволи“ за време на јануарскиот преоден рок. Оле Гунар Солскјер сака да ја зголеми конкуренцијата во нападот и во лицето на Манџукиќ гледа совршено решение. Поранешниот напаѓач на Атлетико […]

Ѓоковиќ шампион во Токио без загубен сет


Јапонија – Новак Ѓоковиќ ја заврши својата совршена недела во Токио со трофеј во рацете и без загубен сет. Во финалето се виде разликата во класите помеѓу Ноле и Џон Милман, а дуелот заврши за нешто повеќе од еден час – 6-3 6-2. Ова е четврта титула за тенисерот од Србија кој ги освои и „Австралија […]

Циципас избори финале во Пекинг


Кина– Гркот Стефанос Циципас ќе игра во финалето на турнирот во Пекинг, Кина. Во полуфиналето тој го совлада Германецот Александар Зверев со 2-0, по сетови 7:6 (8:6) и 6:4. Мечот траеше еден час и 52 минути. Во финалето, Циципас ќе се сретне со Доминик Тим од Австрија. Дуелот за трофеј е закажан за денес од 13:30 […]

Македонската женска фудбалска репрезентација поразена од Србија


Женската македонска фудбалска репрезентација загуби од Србија во натпревар од Г-групата од квалификациите за Европското првенство 2021 година. Гостинската репрезентација денес на тренинг центарот „Петар Милошевски” славеше со убедливи 6:0. Македонија одигра под своето ниво, далеку послабо отколку во дуелот против Казахстан, а силната Србија целосно го искористи тоа. Головите беа дело на Благојевиќ, која […]

Баерн загуби од Хофенхајм, но остана на врвот во Бундеслигата


Германија – Баерн загуби од Хофенхајм во дуелот од 7. коло од Германскиот фудбалски шампионат со 2:1. Двоен стрелец за гостите беше Саркис Адамјан, додека за Баерн реализира Роберт Левандовски. Баерн и покрај поразот, остана на првото место со 14 бода и најдобра гол-разлика од групата н ачетири екипи со ист број бодови. Хофенхајм се искачи […]

Осака и Барти финалистки во Пекинг


Јапонија – Јапонката Наоми Осака и тенисерката од Австралија Ешли Барти ќе се соочат во финалето на ВТА турнирот во Пекинг. Осака попладнево ја совладаа Каролина Возниачки во два сета, додека Барти во три сета беше поуспешна од Бертенс во првото полуфинале. Резултаи: Наоми Осака (Јапонија) – Каролине Возниацки (Данска) 2-0, по сетови 6:4 и 6:2. […]

ФИА го одобри календарот во Формула 1 за 2020 година со рекорден број трки


Англија – Раководството на Светската автомобилистичка федерација (ФИА) го одобри календарот на шампионатот во Формула 1 за 2020 година. Следната сезона ќе се одржат рекордни 22 трки, а исто така ФИА го потврди и намалувањето на предсезонските тестови. Првенството започнува на 15 март со Гран-при на Австралија, а завршува на 29 ноември со Гран-при Абу Даби. […]

Мухамад постави светски рекорд на 400 метри со пречки


Американката Далила Мухамад вечерва на Светското првенство во Доха постави нов светски рекорд на 400 метри со пречки. Мухамад победи во финалето на 400 метри со пречки на СП во Доха и истрча време од 52 секунди и 16 стотинки. Таа пред два месеца веќе го урна стариот рекорд, а сега уште повеќе го подобри […]

Роденденска победа на Работнички над Ренова од 1:0


Работнички својата 82-годишнина од постоењето на клубот, го прослави со победа од 1:0 над Ренова, во премиерниот натпревар од 9. коло во Првата фудбалска лига. За Работнички, ова е трета победа сезонава. Голот падна во 58-ма минута, кога Мишковски од Ренова си даде автогол. „Романтичарите“ можеа да победат и поубедливо, но во 81-ва минута Марковиќ […]

Погба најверојатно нема да игра ниту против Партизан


Францускиот селектор Дидие Дешамп, откри дека Пол Погба поради обновена повреда на скочниот зглоб, нема да може да игра уште барем три недели. Ова е лоша вест за Манчестер јунајтед, а лоша вест и за сите љубители на фудбалот од балканските простори кои планираат на 24 октомври да отпатуваат во Белград за да го гледаат […]

Анчелоти е разочаран, најверојатно ќе си оди од Наполи во јуни


Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти, сериозно размислува да го напушти клубот по завршувањето на сезонава, пишуваат одредени италијански медиуми. Причината за намерата на Анчелоти за заминување се послабите резултати од очекуваното и недоволниот развој на тимот. Искусниот стручњак сметал дека Наполи треба да се бори рамноправно со Јувентус и Интер за титулата во Серија А, […]

Надал се откажа од „Мастерсот“ во Шангај


Претендентот за број еден на крајот на годината, Рафаел Надал, пропушта важен турнир со кој би можел да заработи многу поени во борбата против Новак Ѓоковиќ за лидерската позиција на АТП листата. Шпанецот одби да учествува во „Мастерсот“ во Шангај, кој започнува следната недела. Победникот на Ролан Гарос и „Ју Ес Опен“ оваа година го […]

Прв турнир во С. Македонија под покровителство на Светската пинг-понг федерација (ИТТФ)


Скопје во периодот помеѓу 8 и 12 октомври во СЦ „Борис Трајковски“ ќе биде домаќин на ИТТФ Светската јуниорска и кадетска серија од челенџ турнири во пинг-понг. По одржувањето на Балканското првенство во Скопје во текот на јуни годинава, со рекорден број држави учесници-12, пинг-понгарската федерација на Северна Македонија се подготвува за организацијата на првиот […]

Реал ги победи „фенерите“ на стартот на Евролигата


Реал Мадрид го совлада Фенербахче со 81-77 во судир меѓу два од фаворитите во првото коло од кошаркарската Евролига. Двете екипи ја посакуваат титулата од турнирот, откако минатата сезона загубија во полуфиналето. Реал Мадрид успеа да триумфира по подобрата игра во одбраната и неочекуваниот џокер во лицето на Џефри Тејлор, кој заврши со 19 поени […]

Маркез го заборавил пасошот на седиште во авион


Седумкратниот светски првак во мотоциклизам, Марк Маркез неодамна имал еден ненадеен проблем при патувањето од Барселона до Тајланд. Шпанецот најпрвин слетал во Доха, па од главниот град на Катар требало да лета кон крајната дестинација. Но, со себе немал пасош, па вработените на аеродромот во Доха не му дозволиле да се качи во авионот. Не […]

УЕФА можно е дека ќе ги казни Манчестер сити, Динамо Загреб и Олимпијакос


Дисциплинската и етичка комисија на УЕФА на 17 октомври ќе одлучува дали ќе им изрече казни на Манчестер сити и Динамо Загреб, клубовите чии навивачи за малку ќе се степаа за време на натпреврот помеѓу овие клубови од Лигата на шампионите во фудбал. Околу 2.000 хрватски навивачи беа на стадионот „Етихад“, а некои од нив […]

Братот на Инсиње го нападна Анчелоти


Антонио Инсиње, кој е брат на фудбалерот на Наполи, Лоренцо Инсиње, преку социјалните мрежи испрати порака кон тренерот Карло Анчелоти, со која изрази незадоволство за третманот на Анчелоти кон Лоренцо. Инсиње не играше на мечот против Генк од Лигата на шампионите, па брат му смета на Анчелоти му недостасувала храброст да признае дека погрешил. „Некој […]