Ѓоковиќ и Федерер ќе бидат во иста група на завршниот Мастерс


Англија– Од 10 до 17 ноември во „О2 арената“ во Лондон ќе се одржи завршниот Мастерс турнир на кој ќе настапат осумте најдобри тенисери на светот, а со ждрепката, беше одредено Роџер Федерер да се најде во група со Новак Ѓоковиќ.

Во моментов, лидер на АТП листата е Рафаел Надал, а вториот Ѓоковиќ и третиот Федерер, ќе мора да играат еден против друг уште во групната фаза. Во нивната група ќе бидат и Доминик Тим и Матео Беретини.

Другата група ја предводи Надал, а ривали ќе му бидат Данил Медведев, Стефанос Циципас и Александер Зверев. Завршниот Мастерс ќе пресуди и кој тенисер ќе ја заврши годината на првото место на АТП листата. На Ѓоковиќ му треба минимум финале, а Надал да не стигне дотаму.