Конте: Не сакам да барам изговори


Тренерот на Интер, Антонио Конте, по поразот од Борусија Дортмунд во 4. коло од Лигата на шампионите (2:3) одби да зборува за тоа што се случи во второто полувреме. По првото полувреме екипата на Милан поведе со 2:0.

– Истата работа се случи и во Барселона. Јас навистина не сакам да коментирам за второто полувреме, не сакам да барам изговори. Жално е што изгубивме така. Направивме грешки кои скапо не чинеа. Не можете да играте на два турнира со толку кратка клупа, изјави Конте.

Треба да ги оставиме своите неуспеси во минатото. Ние мора да разбереме зошто овие работи ни се случуваат и да ги поправиме нештата, додаде Конте.

На неговиот тим ќе му треба победи на последните два меча во групата за да се надева на пласман во плеј-офот од најсилното фудбалско клупско континентално натпреварување.