Солидарни со народот: Фудбалерите на Чиле не сакаат да играат против Перу


Чилеанските фудбалски репрезентативци одбија да играат во пријателскиот меч со Перу од солидарност кон народот кој протестира ширум земјата, соопшти фудбалската федерација.

Како што се наведува во веста, одлуката е донесена на состанок во тренинг кампот и сите повикани играчи ќе се вратат во своите клубови.

„Ние сме фудбалери, но пред се сме граѓани на оваа земја. Чиле во моментот има многу поважни приоритети од натпреварот во вторник“, напиша Гари Медел на Твитер.

И неколку други репрезентативци ја поддржаа заедничката одлука, вклучувајќи го и Артуро Видал од Барселона.

Повеќе од три недели во Чиле се одржуваат протести за социјална нееднаквост во општеството што почмнаа по зголемувањето на цената на метрото и прераснаа во масовно движење што се залага за реформи во образованието, здравството, пензискиот систем и нов Устав.