Шаховскиот Клуб Алкалоид почна со победа на Европскиот клупски куп 2019

Шахистите на АЛКАЛОИД, успешно стартуваа на годинешниот Европскиот Клупски Куп во Улцињ, Црна Гора. Тие во првото коло, со победите на Шанкланд, Криворучко, Ковалев и Недев извојуваа висока победа од 5:1 против екипата “Echiquier Mosan” од Белгија.

Сепак, сериозниот пристап и борбеноста на противниците им донесе две реми партии, кај Андреикин и Инаркиев. Во целина, искуството и повисоката шаховска класа беа доволни за победа, со што шахистите на Алкалоид ја оправдаа улогата на фаворит.

Првото коло помина без изненадувања и во другите мечеви, сите останати фаворити остварија победи: Медни Всадник од Санкт Петерсбург, Аве Нови Бор – Чешка, Обиестиво Русарчименто Падова.

Следен противник на ШК Алкалоид е екипата на Раика Рапид Феферниц од Австрија.