Ангеловски и Пандев едногласни: Со победа над Израел да ставиме крај на квалификациите


Селекторот на македонската А репрезентација, Игор Ангеловски и капитенот на Македонија, Горан Пандев на прес – конференција ги истакнаа своите очекувања од утрешниот дуел во квалификациите за ЕУРО 2000. против Израел на Националната арена „Тодор Проески“.

„Одлично се познаваме со Израел, игравме и во минатите квалификации. Секој меч е посебен, но јасно е дека нивни главни адути се напаѓачите, пред сè Захави и Дабур. Нападот им е доста опасен, но како тим имаат и свои слабости, кои ние ќе се обидеме да ги искористиме. Кога игра репрезентацијата сакаме поддршка, на последните натпревари имавме полни трибини, а фудбалерите вратија на најдобар начин. Подготвени сме и мотивирани повторно да ги израдуваме повторно нашите навивачи. За нас не постои притисок за да го освоиме третото место, туку ние на таа шанса гледаме како мотив. Овие фудбалери за сето тоа што го покажаа во овие квалификации заслужија да завршат како трети. Ние одиме на победа, а колку ќе биде доволно ќе видиме, изјави селекторот Игор Ангеловски.