Ангеловски: Истрошени сме, ама одиме на победа и прво место во Лига на нации


На официјалната прес-конференција спроти утрешниот натпревар од Лига на нации против Естонија, селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски најави игра на победа и напад на првото место во групата. -Истакнав и претходно дека главна цел е пласман на ЕП, ама моментално сме на прво место во групата и ќе дадеме се да бидеме први …

Ангеловски: Истрошени сме, ама одиме на победа и прво место во Лига на нации Read More »

Без Пандев, Адеми и Димитриевски против Естонија и Ерменија


Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски ги ослободи од обврските за средбите со Естонија и Ерменија, капитенот Горан Пандев, Аријан Адеми и голманот Столе Димитриевски. Прекоманда од селекцијата до 21 година во А-тимот, добија Дарко Чурлинов, Тодор Тодоровски и Ристе Јанков. Сепак, Јанков ќе биде на располагање на младинската репрезентација за дуелот со Црна …

Без Пандев, Адеми и Димитриевски против Естонија и Ерменија Read More »

Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах е позитивен на Ковид-19


Фудбалскиот сојуз на Египет денеска соопшти дека фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах, е заразен со новиот корона вирус. Според соопштението, 28-годишниот фудбалер бил позитивен на тестот, но и нема никакви симптоми. Другите играчи од репрезентацијата се негативни за Ковид-19. Египет ќе одигра два натпревара против селекцијата на Того в сабота и во вторник, во квалификациите …

Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах е позитивен на Ковид-19 Read More »

Грчки медиуми: Северна Македонија испиша историја


Синоќешниот успех на македонската фудбалска репрезентација и пласманот на Европското првенство не поминаа незабележани од грчките онлајн изданија на медиумите, како информативните, така и спортските, кои коментираат дека станува збор за „историска победа“ и „испишана историја“, јави дописничката на МИА од Атина. „Историски пласман на Северна Македонија на Европско првенство“; „Пандев ја испрати Северна Македонија …

Грчки медиуми: Северна Македонија испиша историја Read More »

Комплетирани сите групи за Европското фудбалско првенство


Со одигрување на четирите баражи синоќа се комплетираа шесте групи за ЕУРО 2020 коешто ќе се игра следната година поради пандемијата на коронавирус. Покрај македонската репрезентација, синоќа учество на континенталниот собир обезбедија уште и Шкотска, Словачка и Унгарија. Состав на групите за ЕУРО 2020: Група А: Турција, Италија, Велс, Швајцарија. Група Б: Данска, Финска, Белгија, …

Комплетирани сите групи за Европското фудбалско првенство Read More »

Густата магла во Скопје го пренасочи авионот со фудбалските репрезентативци во Приштина


Авионот со кој Македонската фудбаалска репрезентациј требаше да пристигне во Скопје, поради густата магла е пренасочен на аеродромот во Приштина. Пристигнувањето на аеродромот во Скопје беше најавено за 2:15 часот, но официјалните лица потврдија дека поради лошите временски услови, авионот од Тбилиси е пренасочен кон Приштина. Македонската репрезентација вчера ја совлада Грузија во Тбилиси со …

Густата магла во Скопје го пренасочи авионот со фудбалските репрезентативци во Приштина Read More »

Владата ќе ги награди фудбалерите со по 10.000 евра


Премиерот Зоран Заев вечерва објави дека сите членови на македонската фудбалска репрезентација ќе бидат наградени со по 10.000 евра. -Вечерва на седница на Владата донесовме одлука од буџетските резерви да ги наградиме сите членови на македонската фудбалска репрезентација со по 10.000 евра, за историскиот успех – пласман на Европско првенство. #ОдимеНаЕвропско, напиша премиерот на својот …

Владата ќе ги награди фудбалерите со по 10.000 евра Read More »

Пендаровски: Браво момци, се гордееме со вас!


Пендаровски: Браво момци, се гордееме со вас! Претседателот Стево Пендаровски вечерва и честиташе на македонската фудбалска репрезентација за победата во мечот со Грузија, со која се пласираше на Европското првенство. -Историски успех на македонската фудбалска репрезентација! Браво момци, се гордееме со вас! Одиме на Европско!, напиша Пендаровски на својот фејсбук-профил. -Македонскиот фудбал оди на Европско! …

Пендаровски: Браво момци, се гордееме со вас! Read More »

Ангеловски го нарече Пандев, „Горан Велики“


Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, на прес-конференцијата по вечерашната победа над Грузија, го спореди капитенот Горан Пандев со Александар Велики. – Сега можете да видите зашто им верував на овие момци и зашто ги сакам. Успеаја на нашата мила Македонија да и ја донесат најголемата радост. Знам колку сега се слави во Македонија. …

Ангеловски го нарече Пандев, „Горан Велики“ Read More »

Корона, некорона – скопјани излегоа да го прослават пласманот на Македонија


Центарот на Скопје вечерва се исполни од раздрагани и еуфорични граѓани кои излегоа да го прослават невидениот успех на македонскиот фудбал – пласман на едно Европско првенство. Благодарение на системот на УЕФА, Македонија доби шанса да се бори за место на првенството идната година и преку системот на квалификации во Лигата на нации успеа да …

Корона, некорона – скопјани излегоа да го прослават пласманот на Македонија Read More »

Македонските фудбалери испишаа историја, обезбедија учество на ЕУРО 2020


Македонската фудбалска репрезентација за прв пат во својата историја обезбеди учество на едно големо натпреварување. Предводени од капитенот Горан Пандев, “црвено-жолтите“ вечерва во Тбилиси, во баражот за Европското првенство 2020, ја совладаа Грузија со 1:0. Стрелец на победничкиот гол беше Пандев во 56. минута по одличната акција во која учествуваа и Елиф Елмас и Илија …

Македонските фудбалери испишаа историја, обезбедија учество на ЕУРО 2020 Read More »

Македонските фудбалери во дуел со Грузија за пласман на Европското првенство


Грузија– Македонската фудбалска репрезентација се наоѓа на еден чекор до пласман на Европското првенство. Избраниците на селекторот Игор Ангеловски вечер во Тбилиси од 18 часот се среќаваат со домашната грузиска селекција во меч кој носи пласман на евро-шампионатот. Ангеловски за овој дуел, кој може да биде историски за Македонците, не може да смета на Енис Барди …

Македонските фудбалери во дуел со Грузија за пласман на Европското првенство Read More »

Пандев: Натпреварот со Грузија е најважниот во мојата дваесетгодишна кариера


Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев, претстојниот бараж натпревар против Грузија го оквалификува како најважен во неговата кариера. – Дуелот со Грузија е најважниот во мојата дваесетгодишна кариера. Се надевам дека и ние конечно ќе се израдуваме и дека мојот сон ќе се оствари. Имам безброј натпревари, многу финалиња, но настапот во репрезентативниот дрес …

Пандев: Натпреварот со Грузија е најважниот во мојата дваесетгодишна кариера Read More »

Барди, Ристевски и Велкоски не отпатуваа за Грузија


Поради позитивни тестови на корона вирус, Крсте Велкоски и Кире Ристевски нема да бидат дел од македонската фудбалска репрезентација која утре ќе го игра баражот за пласман на Европското првенство. За Тбилиси денес не отпатува ниту Енис Барди кој има повреда. – Енис Барди поради повреда нема да игра со Грузија. Тој има интервертербтален дискус …

Барди, Ристевски и Велкоски не отпатуваа за Грузија Read More »

Минимални се шансите Адеми да настапи против Грузија


Македонскиот фудбалски репрезентативец Аријан Адеми поради повреда многу веројатно ќе го пропушти натпреварот против Грузија на 12 ноември во Тбилиси за пласман на Европското првенство. -Аријан Адеми заработи повреди во неделата на загревањето пред првенствениот меч на својот Динамо Загреб против Истра. Медицинските прегледи кои му беа направени од нашиот лекарски тим во Скопје потврдија …

Минимални се шансите Адеми да настапи против Грузија Read More »

НБА постигна договор со синдикатот на играчи


Раководството на НБА официјално објави дека постигна договор со синдикатот на играчи за измена на договорот за колективно договарање пред сезоната 2020/21. Договорот мора да биде одобрен од Одборот на гувернери на НБА. НБА и синдикатот разговараа за промените поради пандемијата, што значително влијаеше на финансиите и календарот на лигата. Договорно е сезоната 2020/21 да …

НБА постигна договор со синдикатот на играчи Read More »

Во Премиер лигата има четворица нови заразени со Ковид-19


Четири играчи или тренери се вратија со позитивни тестови за коронавирусот во последната рунда на тестирања во Премиер лигата. Фудбалерите и вработените во Премиер лигата се тестираат еднаш неделно според регулативата на Лигата за Ковид-19, а оние кои имаат позитивен резултат мора да се изолираат на десет дена. Челси минатата недела потврди дека летното засилување …

Во Премиер лигата има четворица нови заразени со Ковид-19 Read More »

Надал со ново историско достигнување во кариерата


Англија–  Рафаел Надал продолжува да испишува нови страници во рекордите на тенисот, а овојпат Шпанецот го подобри достигнувањето за најдолг престој во првите десет. Надал денеска ја почнува својата 790-та недела во топ 10 на светската ранг-листа. Досегашен рекордер беше Џими Конорс. Третото место во престижниот пласман го држи Роџер Федерер, кој на овие позиции …

Надал со ново историско достигнување во кариерата Read More »

Ангеловски: Среќни сме што сме во финале, но не планираме да застанеме таму


Македонската фудбалска репрезентација денес ги започнува подготовките за натпреварот против Грузија. Селекторот Игор Ангеловски е оптимист пред баражот за Европското првенство. „Знаеме против кого играме, знаеме за што играме. Треба да бидеме максимално сконцентрирани, мотивирано да го одиграме натпреварот и да го добиеме за конечно да се пласираме на Европското првенство. Ова е натпревар кој …

Ангеловски: Среќни сме што сме во финале, но не планираме да застанеме таму Read More »

Македонскиот репрезентативен голман Божиновски позитивен на коронавирус


Репрезентативниот голман, Даниел Божиновски доби позитивен тест на коронавирус и нема да биде во составот на македонската А репрезентација за ноемвриските натпревари против Грузија (12 ноември), Естонија (15 ноември) и Ерменија (18 ноември). Голманот на Силекс во неделата при пристигнувањето во Скопје беше подложен на тестирање, а веднаш откако му беше потврден позитивниот резултат го …

Македонскиот репрезентативен голман Божиновски позитивен на коронавирус Read More »