Две девојки од 13 години го освоија златото и среброто во скејтборд


Повеќето 13-годишници веројатно се вртат дома сега, опуштајќи се во нивните лета на распуст, но не и Момиџи Нишија или Рајса Лил – тие се зафатени со освојување олимписки медали. Нишија стана најмладиот индивидуален олимписки шампион и прва во женска скејтборд, откако освои злато на уличен скејтборд во понеделникот во Токио, и тоа го стори […]

Спектакуларна игра на Лука Дончиќ за победа на Словенија над Аргентина


Лука Дончиќ направи спектакуларно деби на Олимписките игри со 48 поени, изедначувајќи го вториот највисок вкупен учинок во машката историја на кошарката, за да ја предводи Словенија до победата над Аргентина со 118-100 во понеделникот. На првиот олимписки натпревар во Словенија досега, Дончиќ постигна 31 поен во првото полувреме, ставајќи го на чекор да го […]

И Горан Пандев се вакцинираше


Горан Пандев кој ја предводеше фудбалската репрезенттација на Македонија на дебитантскиот настап на Европските првенства, се вакцинираше против коронавирус. Пандев на својот профил на Инстаграм сподели фотографија со која ги информира фановите дека се вакцинираше. фото: Индтаграм/goranpadev19 На Пандев кој по Евро 2020 се прости од репрезентацијата, претстојната сезона ќе му биде последна во фантастичната […]

Косово го освои вториот златен медал на Игрите во Токио


Јапонија – Џудистката Нора Џакова го обезбеди вториот златен медал за Косово на Олимписките игри во Токио. Таа беше најдобра во денешните борби во категоријата -57 килограми. Во финалето, Џакова ја совлада Французинката Сара Леони. Претходно, злато за Косово обезбеди Дристија Красничи. Со два златни медала, Косово во моментов е на седмото место во пласманот според […]

Ѓоковиќ без проблеми се пласира во осминафиналето на Олимписките игри во Токио


Јапонија– Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во осминафиналето на Олимпијадата во Токио. Србинот претпладнево без поголема мака го победи Германецот Јан-Ленард Штруф со 2-0, по сетови 6:4 и 6:3. Во второто коло Ѓоковиќ ќе се сретне со Алехандро Давидович Фокина од Шпанија. Место помеѓу 16-те најдобри досега изборија и Медведев, Фоњини, Карено-Буста, Кепфер, […]

Американците нови лидери во пласманот по освоени медали


 Соединетите Американски Држави се искачија на првото место во пласманот според освоени медали на Олимписките игри во Токио. Во јапонската престолнина во тек се натпреварите од третиот натпреварувачки ден, а за прв пат од почетокот на Игрите, САД се предводници на листата медалисти. Американците досега имаат седум златни медали, три сребрени и четири бронзени. На […]

Најубавата спортистка на Олимписките игри остана без финале


Јапонија- Ѕвездата на на светскиот скејтборд, Бразилката Летиција Буфони не успеа да се пласира во финалето на Олимпискиот турнир во Токио во дисциплината стрит. Во пресрет на Олимписките игри, британскиот таблоид „Сан“ ја прогласи 28-годишната скејтбордерка за најубава спортистка на игрите. Лаетиција Буфони е шесткратна шампионка на Х-гејмс. Таа има 3,4 милиони следбеници на Инстаграм, Фејсбук […]

Кошаркарите на САД го претрпеа првиот олимписки пораз по 2004 година (видео)


Репрезентација на САД загуби од Франција (76:83) во првото коло од групата А на кошаркарскиот турнир на Летните олимписки игри 2020 во Токио, Јапонија. За американските кошаркари ова е првиот олимписки пораз од 2004 година. Пред 17 години на Олимпијадата во Атина (Грција), САД загубија во полуфиналето на турнирот од Аргентина (81:89). На другите денешни […]

Пливање на ОИ: Тинејџерот од Тунис ги шокираше сите со златниот медал на 400 метри слободно


Новинарите се сомневаа, но 18-годишниот Ахмед Хафануи рече дека работел многу напорно да ги подобри перформансите   Тунискиот тинејџер Ахмед Хафнауи предизвика едно од најголемите возбудувања на Олимписките игри во Токио досега со неверојатниот златен медал на 400 метри слободен стил – но инсистираше на тоа дека неговиот огромен личен максимум е резултат на „напорна […]

Олимписката шампионка од Барселона-1992 година, учесничка на осум Олимпијади, Оксана Чусовитина ја заврши кариерата


Јапонија – Узбекистанската гимнастичарка Оксана Чусовитина објави крај на својата спортска кариера. Денес гимнастичарката учествуваше во квалификациите на турнирот во Токио, но не избори пласман во финалето. – Тоа е сè. Нема веќе да се вратам на ова. Јас веќе имам 46 години. Имам толку многу работи да направам во животот, рече Чусовитина по завршувањето на […]

ОИ: Првата светска тенисерка елиминирана уште на стартот


Првиот светски рекет во женскиот тенис, Ешли Барти загуби во првото коло на Олимписките игри, правејќи 55 грешки. Шампионката од Вимблдон, загуби од Шпанката Сара Сорибрис-Тормо со 4:6 и 3:6. Австралијката по втор пат оваа сезона го заврши турнирот по првото коло. Од друга страна, Сорибрис-Тормо, победува Топ 10 тенисерка по втор пат во 11 […]

ОИ: Јапонија се искачи на првото место во пласманот за медали


На Олимписките игри во Токио, во тек е вториот натпреварувачки ден, кој го одбележуваат јапонските спортисти. Домаќинот на Олимпијадата го презема од Кина лидерското место на листа медалисти. Јапонија го освои златниот медал во скејтборд, Јуто Хоригоме стана првиот победник во овој спорт во историјата на Олимписките игри. Големо изненадување направи пливачот Ахмед Хафнаој на […]

Реџепи издржа само една рунда


Македонската џудистка Арбреша Реџепи издржа само една минута во своето деби на Олимписките игри. Таа утринава во категоријата до 52 килограми загуби (11:0) од Челси Џил од Велика Британија со ипон во првата рунда. Од осумте македонски натпреварувачи на Олимпијадата во Токио, своите настапи покрај Реџепи ги завршија уште и Борјан Бранковски кој вчера беше […]

Почна олимпискиот ракометен турнир, Начевски и Соколов судеа на стартот


Без изненадување мина првото коло од олимпискиот ракометен турнир на кој денеска својот прв натпревар во Токио го судеше македонската двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Македонските арбитри ја делеа правдата на натпреварот во кој Египет ја совлада Португалија со 37:31, додека, претходно во дербито на првото коло, Шпанија минимално ја совлада Германија со 28:27. […]

Првото европско злато на Игрите во Токио го освои косовската џудистка Красниќи


Јапонија– Косовската џудистка Дистриа Красниќи стана првиот спортист од Европа со златен медал на Олимписките игри во Токио, откако триумфираше попладнево во категоријата до 49 килограми. Красниќи, која е актуелен европски првак, во олимпиското финале ја совлада јапонската претставничка Фуна Тонаки. За Косово е второ олимписко одличје во историјата и втор златен медал. Првиот пред пет години, […]

ОИ:Пливачот Деркоски последен во квалификациите


 Македонскиот пливач Филип Деркоски настапи денеска на Олимписките игри во Токио завршувајќи на последното место во квалификациите во дисциплината 400 метри слободен стил. Деркоски настапи во првата од петте квалификациски групи и патеката ја исплива за време од 4:03:34. Со оствареното време, 20-годишниот Деркоски за 76 стотинки го подобри личниот рекорд, што на крајот од […]

Бранковски го освои 21 место, не стигна до финалето на Олимписките игри во Токио


На Летните олимписки игри во Токио, утрово во 6 часот наутро по средноевропско време настапи првиот македонски олимпиец, Борјан Бранковски во дисциплината 10 метри воздушен пиштол. Во квалификациите нашиот натпреварувач успеа да го освои 21 место од вкупно 36 натпреварувачи. Бранковски успеа да погоди вкупно 573 кругови, во третата серија (од вкупно шест) беше најдобар […]

Ѓоковиќ лесно ја мина првата олимписка пречка


Србинот Новак Ѓоковиќ со рутинска победа го почна настапот на олимпискиот тениски турнир, совладувајќи го во 1. коло Уго Делијен од Боливија со 6:2, 6:2. За пласман во 2. коло на Игрите во Токио на најдобриот светски тенисер му беа потребни 61 минута. Следен противник на Ѓоковиќ биде 48. тенисер во светот, Германецот Јан Ленард […]

Кина веќе освои два златни медали на Олимпијадата


Кинеската олимпијка Хоу Џихуи (24) го освои златниот медал во кревање тегови во категоријата до 48 килограми, поставувајќи нов олимписки рекорд. До златниот медал, втор за Кина на првиот натпреварувачки олимписки ден, Џихуи дојде со вкупно кренати 210 килограми, осум килограми повеќе од „сребрената“ Индијка Чану Мирабаи. Бронзениот медал и припадна на Винди Кантике Аисах од Индонезија […]

Првиот златен медал во Токио за Јанг од Кина


Кинеската репрезентативка во стрелаштво Кијан Јанг го освои денеска првиот од вкупно 339 златни медали на Олимписките игри во Токио, откако троиумфираше во дисциплината 10 метри воздушна пушка.   Јанг до златниот медал дојде буквално со последниот истрел, а на крајот славеше со 261.8 погодени кругови, поставувајќи, притоа, и нов олимписки рекорд. Сребрениот медал го освои […]