(Видео) Елејн Томпсон истрча второ најдобро време во историјата на 100 метри


Јамајканската атлетичарка Елејн Томпсон победи на трката на 100 метри од Дијамантската лига во Јуџин со второ најдобро време во историјата на оваа спринтерска дисциплина.

Томпсон патеката ја мина за 10,54 секунди. Актуелниот светски рекорд за жени изнесува 10,49 секунди, поставен во 1988 година од Американката Флоренс Грифит-Џојнер.

На Олимписките игри во Токио одржани ова лето, Томпсон освои злато на 100 метри со олимписки рекорд од 10,61 секунди, што во тоа време беше второто најдобро време во историјата.