Кој е за, кој е против: Вакцината ги подели светските тенисери


САД– Третиот светски рекет Стефанос Циципас рече дека ќе се вакцинира против Ковид-19 само доколку стане задолжително на тениските турнири.

Додека светската ATP-tour  јавно ги охрабри играчите да се вакцинираат, 23-годишниот Грк е меѓу оние што се уште имаат резерви.

“Никој не ми кажа ништо. Никој не ме натера да се вакцинирам како задолжителна работа”, рече тој пред новинарите, прашан дали ќе бара вакцина додека се натпреварува во САД.

„Во одреден момент ќе морам, прилично сум сигурен во тоа, но досега не беше задолжително да се натпреварувам, така што не го направив тоа, не“, додаде Циципас.

Тој стигна до финалето на Отвореното првенство на Франција во јуни, но доживеа шок, излез од првиот круг на Вимблдон, каде што им рече на новинарите дека е предизвик да живее и да се натпреварува во „меурот“ на Ковид-19.

Вакцината за Ковид-19 ги подели тенисерите.

Светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ, во април рече дека се надева дека вакцината за Ковид-19 нема да стане задолжителна за играчите да се натпреваруваат и одби да одговори на прашања во врска со неговиот статус за вакцинација.

Меѓутоа, колегите 20-кратни победници на Грен слем турнирите Роџер Федерер и Рафа Надал сметаат дека спортистите треба да ја одиграат својата улога за да го вратат животот во некоја форма на нормалност.

Федерер во мај изјави дека ја примил вакцината Pfizer-BioNTech, додека Надал рече: “Единствениот излез од овој кошмар е вакцинацијата. Нашата одговорност како човечки суштества е да ја прифатиме.

„Знам дека има процент од луѓе кои ќе страдаат од несакани ефекти, но ефектите од вирусот се полоши“.

На гледачите нема да им биде дозволено да присуствуваат на квалификациските рунди на Отвореното првенство на САД овој месец поради пандемијата, објави тениската асоцијација на САД (УСТА) минатата недела.

УСТА претходно изјави дека ќе овозможи целосен капацитет на навивачите за главниот дел од турнирот. (Ројтерс)