Формула 1 воспостави нова награда за возачите со најмногу претекнување во една сезона


 Формула 1 објави воспоставување нова награда за најмногу претекнувања во текот на сезоната.

Пехарот за освојување на оваа номинација, организиран од Ф1 во соработка со „Crypto.com“, ќе му биде доделен на победникот на крајот на сезоната.

– Оваа награда, прва од ваков вид, е дизајнирана да ја прослави храброста што ја покажуваат возачите во смелите маневри за да успеат, се вели во соопштението на Формула 1.

Според процените на Ф-1, во моментов, пред почетокот на трката за ГН на Белгија, лидер по бројот на претекнувања извршени оваа сезона е пилотот на Астон Мартин, Себастијан Фетел