Во Премиер лигата има четворица нови заразени со Ковид-19

Четири играчи или тренери се вратија со позитивни тестови за коронавирусот во последната рунда на тестирања во Премиер лигата.

Фудбалерите и вработените во Премиер лигата се тестираат еднаш неделно според регулативата на Лигата за Ковид-19, а оние кои имаат позитивен резултат мора да се изолираат на десет дена.

Челси минатата недела потврди дека летното засилување од 71 милиони фунти, Каи Хаверц, се разболел од вирусот и е во изолација.

Во соопштението од Премиер лигата се вели: „Премиерлигата денеска може да потврди дека помеѓу понеделник 2 ноември и недела 8 ноември, 1.646 играчи и вработени во клубови биле тестирани за Ковид-19. Од нив, има четири нови позитивни теста.Играчите или вработените во клубовите кои имаат позитивно тестирање, ќе се самоизолираат за период од десет дена“.

„Премиер лигата ги обезбедува овие збирни информации за транспарентноста на натпреварувањето. Лигата нема да обезбеди конкретни детали за клубовите или поединците и резултатите ќе бидат објавени по секоја рунда на тестирање.“