Владата ќе ги награди фудбалерите со по 10.000 евра

Премиерот Зоран Заев вечерва објави дека сите членови на македонската фудбалска репрезентација ќе бидат наградени со по 10.000 евра.

-Вечерва на седница на Владата донесовме одлука од буџетските резерви да ги наградиме сите членови на македонската фудбалска репрезентација со по 10.000 евра, за историскиот успех – пласман на Европско првенство. #ОдимеНаЕвропско, напиша премиерот на својот профил на Фејсбук.