Поранешниот НБА играч Фелтон Спенсер почина на 55 години


– Поранешниот НБА играч Фелтон Спенсер почина на 55-годишна возраст. Центарот помина вкупно 12 сезони во НБА-лигата со Јута, Голден Стејт, Њујорк, Орландо и Сан Антонио. Спенсер беше избран како шести пик на драфтот во НБА во 1990 година. Фелтон имаше просек од 5,2 поени и 5,4 скока во текот на неговата НБА кариера.

Трагедија во Германија: Загинаа четворица членови на фудбалски клуб


Во страшна сообраќајна несреќа, која се случи во близина на Карлсруе, загинаа пет лица, а четворица од нив се членови на локалниот нисколигаш Алеманија Еггенштајн. Меѓу загинатите има двајца фудбалери, физиотерапевт и поранешен фудбалер, сите на возраст меѓу 25 и 29 години. „Алеманија Еггенштајн е длабоко тажен поради загубата на своите активни фудбалери Дени Цимерер […]

Втор пораз за македонските ракометари од Португалија во квалификациите за Еуро 2024


Македонската ракометна репрезентација вечерва загуби на гостувањето кај Португалија во натпревар од 4. коло Група-1 во квалификациите за Европското првенство 2024. Домаќините победија со 32:27 и уште еднаш покажаа дека во моментов се поквалитетна репрезентација. Во четвртокот во Скопје, Португалија славеше со 29:23. На вечерашниот натпревар во Порто најефикасен во македонскиот национален тим беше Филип […]

„Костурите“ од Куманово прв клуб на американски фудбал во земјава


  Ентузијастички и посветено момците од спортскиот клуб „Кумановски Костури“ (Kumanovo Skeletons) први во државата играат американски флег фудбал. Екипата нè пречека пред нивниот тренинг на фудбалскиот стадион зад градскиот базен во Куманово. Чуневи во боја и топка која потсетува на онаа која се користи во рагби, се дел од реквизитите што им користат на […]

Мистериозна смрт – Почина легендарниот чешки ски-скокач


Чешкиот натпреварувач во ски скокови Антонин Хајек е пронајден мртов, а околностите за неговата смрт се уште не се познати. Антонин Хајек беше пронајден мртов во Малезија. Неговото семејство на 2 октомври 2022 година го пријавило за исчезнат. Последен пат е виден во Малезија, а за жал таму е пронајдено неговото тело. „Почина поранешниот ски-скокач, […]

Меси останува во Европа ?


Шпанија – Најдобриот светски фудбалер Лионел Меси, и покрај разочарувачката елиминација на ПСЖ во осминафиналето на Лигата на шампиони од Баерн, е најблиску до опцијата да остане во редовите на актуелниот француски првак, објави денеска весникот „Мундо Депортиво“. Според шпанскиот весник, 36-годишниот Аргентинец не сака да тргне по стапките на Кристијано Роналдо и да ги прифати богатите понуди од […]

Шифрин го израмни рекордот на Стенмарк според победи во Светскиот куп


Шведска – Со денешниот триумф во трката во велеслалом во Оре, американската скијачка Микела Шифрин дојде до својата 86. победа во Светскиот куп во алпско скијање и со тоа се израмни на врвот на вечната листа со легендарниот Швеѓанец Ингемар Стенмарк Победата во претпоследната велеслаломска трка во оваа сезона на Шифрин ѝ го донесе и малиот глобус во […]

Олимписки шампион се разбуди од вештачка кома, но не знае дека му се отсечени рацете и нозете


  Конечно, малку надеж по низата лоши вести за Роман Костомаров (46). Како што пренесуваат медиумите, олимпискиот шампион во уметничко лизгање на мраз се разбудил од вештачка кома и може самостојно да дише. Иако неговата состојба и понатаму е критична, добро напредува. Еден од најпознатите руски лизгачи на почетокот на годината примен е на одделението […]

Прв пораз за македонските ракометари во квалификациите за ЕП 2024


Македонската ракометна репрезентација вечерва загуби од Португалија со 23:29 (11:14 полувреме). Поразот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ за избраниците на селекторот Кирил Лазаров е прв во квалификациската Група-1 за пласман на Европското првенство 2024. Гостите од Португалија во Скопје дојдоа како фаворити и ја оправдаа таа улога, иако и „црвено-жолтите“ имаа свои моменти па и […]

Ракометарките на Ѓорче Петров со титула се враќаат од Косово


Македонскиот ракометен шампион Ѓорче Петров освои титула во Ѓаковица, откако ракометарките беа подобри од младинската селекција на Бугарија во финалето со 47-27. Женскиот тим на Ѓорче Петров најпрво беше подобар од домаќинот Шќипоња со 47-18, по што следеше уште еден неверојатен меч против младите Бугарки (47-27). Ангела Јанкуловска беше прогласена за најдобра ракометарка на турнирот.

Лазаров ги одбра 16-те за натпреварот со Португалија


 Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров одлучи со кој состав ќе се спротивстави на Португалија. На списокот на Лазаров се најдоа: Никола Митревски, Мартин Велковски, Цветан Кузмановски, Игор Ѓоргиев, Марко Митев, Мартин Томовски, Никола Маркоски, Филип Кузмановски, Ненад Костески, Томислав Јагуриновски, Иван Џонов, Марко Стојковиќ, Петар Атанасијевиќ, Мартин Серафимов, Костадин Петров и Марко Мишевски. […]

Лазаров ги одбра 16-те за натпреварот со Португалија


Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров одлучи со кој состав ќе се спротивстави на Португалија. На списокот на Лазаров се најдоа: Никола Митревски, Мартин Велковски, Цветан Кузмановски, Игор Ѓоргиев, Марко Митев, Мартин Томовски, Никола Маркоски, Филип Кузмановски, Ненад Костески, Томислав Јагуриновски, Иван Џонов, Марко Стојковиќ, Петар Атанасијевиќ, Мартин Серафимов, Костадин Петров и Марко Мишевски. […]

Македонската ракометна репрезентација домаќин на Португалија во квалификациите за ЕП 2024


Македонската ракометна репрезентација вечер од 19 часот ја пречекува Португалија во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Ова ќе биде квалификацискиот натпревар од Групата-1 за пласман на Европското првенство 2024. Двете репрезентации во мечот влегуваат по двете победи во почетни две кола. Селекторот на „црвено-жолтите“ Кирил Лазаров се соочува со проблеми поради неколкуте отсуства на […]

Мареј очекува руски и белоруски тенисери на годинешниот Вимблдон


Британија– Британецот Енди Мареј изјави дека очекува организаторите на Вимблдон да им дозволат оваа година настап на руските и белоруските тенисери на грен – слем турнирот во Лондон, пренесува Би-Би-Си. Организаторите на турнирот во Лондон лани им забранија настап на руските и белоруските тенисери поради војната во Украина, а раководствата на АТП и ВТА потоа оваа […]

Мерцедес започна со тестирање на новата верзија на „W14“


 Германскиот Формула 1 тим Мерцедес веќе започна со тестирање на ажурираниот болид од 2023 година со пошироки странични понтони.  Како што објави „Auto Motor und Sport“ моделот на новиот автомобил веќе активно се однесува во аеродинамичниот тунел.  Претходно, намерата за промена на концептот на актуелниот болид ја искажа и шефот на Мерцедес, Тото Волф.  Пилотите […]

Тампере меѓу четирите градови домаќини на ЕП во кошарка


Германија – Фински Тампере ќе биде еден од четирите градови домаќини на групната фаза од Европското првенство 2025 година, кое заеднички ќе го организираат Финска, Летонија, Полска и Кипар, соопшти европскиот огранок на Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА). Натпреварите ќе се играат во „Тампере Дек арена“ со капацитет од 11.000 седишта, која беше отворена во 2021 година. Финска втор пат […]

Барселона демантира поткуп на судии


Шпанија– Претседателот на фудбалски прволигаш Барселона, Жоан Лапорта, рече денеска дека неговиот тим „никогаш не поткупил судија‘. Неговата реакција доаѓа откако во јавноста беше изнесен сомнеж дека Барселона во минатото уплатила одредена сума пари на сметката на поранешниот судиски менаџер Хозе Марија Енрикез Негреиро. „Нека биде јасно дека Барселона никогаш не поткупила судија, ниту планира […]

УЕФА на 20 илјади навивачи на Ливерпул ќе им ги врати парите за влезници за финалето на ЛШ


Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) ќе обесштети 19.618 навивачи на Ливерпул за финалето од Лигата на шампионите. Да потсетиме дека на финалето на Лигата на шампионите во 2022 година, во кое играа Ливерпул и Реал Мадрид, во Париз, почетокот на натпреварот доцнеше 36 минути поради организациски проблеми. Најпрво, УЕФА и францускиот министер за внатрешни работи Жералд […]

Тежок удар за ПСЖ: Сезоната предвреме заврши за Нејмар


Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар (31) ќе мора да ги оперира лигаментите на десниот глужд поради што ќе паузира од три до четири месеци, објави вечерва францускиот шампион ПСЖ. Нејмар се повреди за време на натпреварот од француското првенство против Лил на 19 февруари. „Операцијата ќе биде извршена во следните неколку денови во Доха, а ќе […]

Маж почина по тепачка меѓу навивачи на Блекпул и Барнли


Маж на возраст од 55 години почина денеска во болница во која бил пренесен во саботата, откако физички бил нападнат во масовна пресметка меѓу фудбалски навивачи во градот Блекпул, јавија британските медиуми. Инцидентот се случил во саботата пред паб во Блекпул по завршување на натпреварот од англискиот Чемпионшип меѓу домашната екипа и Барнли, во чиј […]