Мусети го шокираше Ѓоковиќ на мастерсот во Монте Карло
Лоренцо Мусети ја извојува најголемата победа во својата кариера во четвртокот на мастерсот во Монте-Карло, каде што го изненади светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ, победувајќи го 4-6, 7-5, 6-4 за да стигне по втор пат во четвртфинале во АТП серијата 1000.
Натпреварувајќи се во влажни и ветровити услови на теренот „Рение III“, 21-годишниот Италијанец го искористи слабото сервирање на Ѓоковиќ, одземувајќи му на Србинот осум пати сервис на патот до победа од два часа и 54 минути. Откако ја претвори својата четврта меч топка во победа, емотивниот Мусети погледна кон својот тим и одмавна со главата во неверување.
„Се борам да не плачам“, рече Мусети во интервјуто на теренот. „Тоа е емотивна победа бидејќи беше навистина долг натпревар. Тричасовен натпревар и прекинат поради дожд. Не беа лесни услови бидејќи беше малку ветровито и студено. Не како што игравме во последните денови. Навистина сум горд на себе и гледам на екранот. Се борам да не плачам затоа што тоа е сон за мене“.
Откако го испушти воведниот сет, Музети израмни од 2-4 во вториот сет. Тој гаѓаше со агресивност и длабочина за да го принуди Ѓоковиќ на 11 неизнудени грешки во сетот, а потоа продолжи да игра со интензитет и талент по 59-минутното доцнење на дождот на почетокот на решавачкиот за да ја заработи втората Топ 5 победа во неговата кариера.
„Не можев да ја најдам вистинската рамнотежа при [сервирањето]. Мислам дека подобро ги одземавме гејмовите отколку што сервиравме. Да се победи Новак е нешто извонредно за мене“, рече Мусети.
Во четвртфиналето тој ќе игра со сонародникот Јаник Синер, откако 21-годишниот го победи Хуберт Хуркач претходно во четвртокот.
На прес-конференцијата по мечот Ѓоковиќ рече дека тоа „не е катастрофа, ама ужасно се чувствувам после загубен меч. Не можам нешто посебно да кажам, физички сум во добра ситуација. Секогаш се надевам на добар ден, но тој ја крена формата, јас не одиграв добро и тоа е тоа. Сѐ што можам да кажам е дека Лоренцо остана цврст во важните моменти“.
Ѓоковиќ ја бркаше 39-та титула на АТП Мастерс 1000 оваа недела. Србинот е двократен шампион во Монте Карло, а триумфираше во 2013 и 2015 година.