НБА: Далас заработи казна од 750 илјади долари поради намерно загубен натпревар


Раководството на американската професионална кошаркарска НБА лига го казни Далас со 750.000 долари поради кршење на правилата за натпреварување.

Далас на последните два натпревари од регуларниот дел на сезоната одмораше неколкумина од своите клучни кошаркари, иако сè уште беше во можност да избори пласман во плејин. Тоа од челниците на НБА беше оценето дека тимот намерно ги загубил натпреварите за да ја поправи позицијата за претстојниот драфт.

Дополнителна отежнувачка околност за Далас беше и фактот дека во случај на пласман во плејинот својот избор на годинешната прва рунда на драфтот ќе мораше да му го препушти на Њујорк.