МЗТ игра против Цибона во „Јане Сандански – влезот е бесплатен


МЗТ Скопје денеска од 18 часот против Цибона го игра најважниот натпревар во АБА-лигата сезонава. 

Натпревар во кој МЗТ Скопје не се бори само за опстанок во најпрестижната АБА 1 лига, туку и за промоција на македонската кошарка пред најмоќните и најголемите клубови на Балканот.

– Влезот за натпреварот е бесплатен, а можноста за победа е голема. На кошаркарите на МЗТ Скопје им треба нашата поддршката повеќе од кога било. Ги покануваме сите љубители на спортот, фанови и поддржувачи на МЗТ, како и сите оние кои ја сакаат кошарката, да присуствуваат на денешниот натпревар и си тоа да дадеме поддршка за останување на МЗТ во АБА лигата – канат од Општина Аеродром.

Натпреварот почнува во 18 часот во салата „Јане Сандански“, а раководството на МЗТ одлучи влезот да биде бесплатен со цел навивачите да направат пеколна атмосфера за клучниот дуел сезонава. Дуелот помеѓу Будуќност и Борац, кој исто така е од голема важност за МЗТ се игра утре со почеток од 19 часот.